После своеволното појавување на Мијалков пред Обвинителството попладнево, Премиерот Заев се огласи на Фејсбук.
„После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор! Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана”, стои во статусот на Премиерот Заев.







