ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Достапноста до книгите за лицата со оштетен вид води до подобро образование и социјалната интеграција

Јавна расправа за Договорот од Маракеш, со кој се олеснува пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин се оневозможени да користат печатени материјали, се одржа во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата и Министерството за култура

November 29, 2019 11:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јавна расправа за Договорот од Маракеш, со кој се олеснува пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин се оневозможени да користат печатени материјали, се одржа во организација на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата и Министерството за култура, пренесе МИА.

Во фокусот на дискусијата, како што информира денеска владината прес-служба, беше значењето на Договорот од Маракеш за слепите лица и за лицата со оштетен вид, бидејќи преку овозможување достапност до книгите, списанијата и до едукативни материјали во соодветен формат ќе се унапреди образованието, нивниот професионален развој, ќе се подобри и нивната социјална интеграција и културно учество.

На настанот на кој беа присутни претставници од издавачките куќи, од Здружението за заштита на авторски музички права, од библиотеките, како и слепи лица и членови на Националниот сојуз на слепи лица, се обратија Спасе Додевски, претседавач со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Валмир Азири, државен секретар во министерството за култура, Фризим Даути, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“- Скопје, Афет Јашари, од министерството за култура и Стерја Димов, генерален секретар во Националниот сојуз на слепи лица.

На јавната расправа се дискутираше и за предлог измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права, кој треба да се хармонизира согласно одредбите во Договорот од Маракеш.

На 27 јуни 2013 година, на Дипломатската конференција во Маракеш, од земјите-членки на Светската организација за интелектуална сопственост, беше усвоен Договорот од Маракеш за олеснување на  пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали („Договорот од Маракеш“).

Договорот од Маракеш бара од договорните страни да се обезбеди ограничување или исклучок од авторско право, со цел да им се овозможи на „корисниците“ или „овластените субјекти“ изработка на примерок на дело во достапен формат (во електронска верзија, аудио верзија или на Брајово писмо) за лицата со потешкотии при пристап до печатените дела и да се олесни прекуграничната размена на оние достапни примероци создадени во согласност со ограничувањата и исклучоците на Договорот од Маракеш, односно во согласност со законот.

Затоа, од секоја земја што го ратификува Договорот од Маракеш се бара да воведе едно или повеќе ограничувања или исклучоци за авторско право.

Според податоците со кои располага Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) во светот има околу 300 милиони слепи и лица со оштетен вид. Организациите на слепите проценуваат дека во развиените земји само околу 7 отсто од сите објавени книги се произведени во формати достапни за лицата кои се слепи, имаат оштетен вид или на друг начин оневозможени да користат печатени материјали. Во земјите во развој, ситуацијата е уште полоша бидејќи проценетиот број книги во достапен формат е само околу 1 отсто.

Next Post

Уставните судии ги враќаат во живот помилувањата на Иванов за Мијалков, Груевски, Јанкулоска, Јанакиески

Shortcut

Најново

Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk