ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Треба да тежнееме младите доминантно да се вработуваат во приваниот сектор

February 25, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се прават максимални напори за зачувување на секое работно место, доминантно во приватниот сектор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи „како да им се помогне“ на околу 80 Албанци вработени во јавната администрација со договор на дело, чии договори истекле во декември 2020 година и не им се продолжени за време на пандемијата.

Една од мерките, потсети премиерот Заев, беше јавната администрација 50 проценти да седи дома, па да се менуваат на една недела или слично, а една од одлуките беше договорите што завршуваат во која било институција, да не се продолжуваат таму каде што нема потреба од тие вработени, но некаде да се продолжат доколку има реална потреба.

– Отпуштање од работа на некој што има засновано работен однос и договор за работа никаде не се случило, освен ако е прекршен Законот за работни односи и има соодветни причини. Точно е дека за време на пандемијата огромен број на новоотворени или испразнети места не се ниту пополенти за да може голем пакет од тие пари да одат за поддршка на последиците од пандемијата. Ќе продолжиме така се додека не видиме дека пандемијата го губи темпото. За вработување секогаш сме се грижеле рамноправно, да гледаме да се запазат само законски обврски, пред се етничкиот дел, но најчесто критериуми да бидат квалификуваност и образование. Некои места бараат години практично искуство, а единствено ако некаде сме испратиле порака за отпуштање од јавната администрација, тоа исклучиво е таму каде што договорите завршиле, образложи премиерот Заев.

Тој, меѓу другото, додаде дека се прави рационализација секаде каде што може да се направи, со цел да се обезбедат дополнителните пари за поддршка на сиромашните граѓани, на работниците, на стопанството и на економијата.

– Верувам дека државата ќе биде соодветен работодавач во постковид периодот, се надевам искрено дека по сите очекувања тоа ќе се случи во летниот период, но најголем работодавач кај нас се приватните компании. Верувам дека се поголем дел од граѓаните ќе се определуваат за плата од 22 и 24 илјади денари со средно школо, кои во просек ги нуди приватниот сектор, наместо 14.500 или најмногу 18 илјади денари, колку што се во јавната администрација просечните плати со средно образование. Тоа дополнително значи дека младите луѓе и сите кои прв пат бараат работа треба да тежнееме доминантно да се вработуваат во приваниот сектор, рече меѓу другото премиерот Заев.

Одговарајќи на второ прашање на истиот пратеник „зошто не се одобрува решение за градба на џамија во Аеродром – Лисиче, Заев рече дека според нашите закони должност на општината е да издаде одобрение за градба на џамии и верски објекти, ако има локација за таква намена.

Премиерот Заев одговори дека прв пат слуша за проблематиката, но додаде дека за детали ќе се обрати до министерот за транспорт и врски.

– Ако дозволите по разговор со градоначалникот ќе Ви доставам и писмен одговор, а согласно тоа, потоа стојам на располагање да дадам и дополнителни објаснувања ако се јави одреден вид проблематика, што би требало да биде како решение за потребата на граѓаните, рече од собраниската говорница премиерот Заев./МИА/

Next Post

ИЈЗ: Зголемување од 3,9 отсто на нови случаи од Ковид-19, оздравени 1.760 лица

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk