ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се интензивира соработката со САД на полето на безбедноста на храната

February 26, 2021 15:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интензивирањето на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните со Соединетите американски држави, преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, беа дел од темите на разговор на денешниот работен состанок меѓу директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и Ендрју Мофад, офицер за политички и економски работи во Американската амбасада.

На состанокот, информираат од АХВ,  беше истакната досегашната добра соработка на Агенцијата со стручните служби на САД, соработката во рамки на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО, Codexs alimentarius и регионалните проекти, а разгледана беше и иницијативата за унапредување на институционалниот капацитет на АХВ на полето на здравствената заштита и лабораториските капацитети.

Директорот Бабовски ги претстави активностите и приоритетите на кои работи Агенцијата за храна и ветеринарство на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, како и тековните проекти кои се реализираат.

Американскиот претставник Мофад, пак, ги презентираше активностите кои ги реализираат во регионот на полето на биотехнологијата и најави можност за вклучување  на земјава во регионалниот проект, чија реализација треба да почне наскоро, во кои ќе бидат вклучени соседна Србија, Грција и Хрватска.

Во поглед на трговските односи со САД, Бабовски потенцира дека државава продолжува со реализација на извозот на мали, но квалитетни земјоделски производи (сирење) на американскиот пазар и дека се прават напори за зголемување на асортиманот за пласман и на други македонски земјоделски производи во оваа земја.

Високиот претставник на САД во земјава го истакна задоволството на САД од работењето на стручните служби на Агенцијата за храна и ветеринарство при реализација на досегашниот извоз на американски производи во земјава, најавувајќи дека покрај пласманот на пилешко и свинско месо, американски бизнис оператори се заинтересирани и за извоз на говедско месо во земјава.

Од негова страна беа објаснети новите политики на САД во областа на земјоделското производство, екологијата и климатските промени, области во кои може и треба да се интензивира и идната соработка меѓу двете земји./МИА/

Next Post

Имунизирани триесет здравствени работници од штипската болница

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk