ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Практичната работа ги прави мајстори уште пред да завршат школо

February 28, 2021 10:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мајстор се станува со работа на машина, не со учење дефиниции, вели Никола Ташевски, ученик во велешкото средно стручно училиште „Коле Неделковски“. И, низ грешки и повторни обиди да го изработиш делот и да ја натераш машината „да те слуша“. Со другар му Никола Стојанчевски се дел од групата од 14 ученици кои доаѓаат на практична работа во „Маркарт Македонија“, како четврта генерација во дуално образование што се изведува во германската компанија која работи во индустриската зона Караслари. Четиримина, од првата генерација, веќе работат во „Маркарт Македонија“, соопштуваат од МОН.
Уште четири нивни соученици чекаат да почнат со работа во фабриката, затоа што се прва година, а праксата им почнува од втора.

„Тоа што го учевме во прва година теоретски сега го работиме тука, на практична работа, и многу ни е појасно кога ќе го видиме како се извршува отколку на хартија кога ќе го прочитаме. На пример, работа на машина, јас ја знам машината како работи, кој дел за што служи, ама многу подобро е само да работам на неа“, вели Никола. За да научат се што ќе им треба за да можат да работат веднаш по завршувањето на четврта година, им помагаат ментори.

Трајче Каров, координатор-ментор за практична настава во компанијата вели дека дуалното образование кое го нуди нивната компанија е навистина успешен модел што е целосно пресликан од германскиот дуален систем.

„ Учениците кои практичната настава ја водат во ’Маркарт Македонија’, низ практично образование во компанијата, го учат целиот производствен процес со што комплетно се запознаени со работата на оваа компанија. Тоа ги прави целосно способни и веднаш вработливи“, изјави Каров.

Програмата за практична настава позната како дуално образование, е поддржана од Германската стопанска комора.

„Недостатокот на нашиот претходен образовен систем беше немањето на практична настава“, смета Кире Ацковски, процес инженер во одделот на лиење пластика во „Маркарт Македонија“. Тој од лично искуство вели дека кога бил ученик иако теоретската настава ја совладувал одлично, со реалноста се соочил дури откога бил на практична настава во една од скопските фабрики. Тогаш не препознал која машина што произведува.

„Самиот наш образовен систем ни покажа дека ни недостасува практичниот дел. Сега, додека изучуваат теорија, децата истовремено имаат и пракса. Преку практичната настава многу лесно и воочливо можат да ги видат реалните проблеми во производствениот процес и тоа е предноста на ова дуално образование“, вели Ацковски.

Министерството за образование и наука(МОН) преку кампањата „Учи паметно, работи стручно“ има за цел да ги отвори вратите на компаниите и таму, во производствен процес, учениците да го научат тоа што по завршувањето на четиригодишното школување, веднаш ќе бидат подготвени и да го работат. На консултативните средби што изминатиов месец се одржаа во повеќе градови од државата, МОН на едно место собра претставници на локалните самоуправи, стручните училишта, бизнис секторот и стопанските комори. Компаниите кажаа кои профили им недостигаат, стручните училишта ги кажаа своите можности и каде би требало да помогнат општините и компаниите – за опремување на кабинети, изведување на практична работа, стипендии за учениците.

По средбите, до МОН треба да достават предлог-план за новите профили што сакаат да бидат отворени во локалните стручни училишта, од следната учебна година. Процесот за јакнење на средното стручно образование, Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk