ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Златен глобус за „Земја на номадите“ и „Борат 2“

March 1, 2021 20:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Драмата „Земја на номадите“ и сатирата „Борат 2“ вчеравечер ги освоија наградите за најдобри филмови на доделувањето на Златните глобуси. Овојпат, тоа беше претежно виртуелна свеченост, истовремено одржана во Лос Анџелес и Њујорк, под мерките на пандемијата и во знакот на повиците за поголемо почитување на различностите.

Режисерката родена во Кина, Клои Жао ја доби и наградата за најдобар режисер, за филмот „Земја на номадите“ (Nomadland) – драма за американски бездомни преселници погодени од рецесија. Жао е втората жена и прва Азијка што го освоила Златниот глобус во оваа категорија.

Авторот на „Борат 2“, Саша Барон Коен е прогласен за најдобар глумец во категоријата комедија, додека пак, Андра Деј ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на пејачката Били Холидеј во „САД против Били Холидеј“ (The United States vs. Billie Holliday). Џоди Фостер е наградена за својата споредна улога во филмот „Мавританец“ (The Mauritanian).

Британската драма за кралското семејство „Круна“ (The Crown), комедијата „Шитс Крик“ (Shitt’s Creek) и шаховската минисерија „Движењето на кралицата“ (Queen’s Gambit) ги освоија главните награди во телевизиските категории. Meѓу победниците беа и Ема Корин која ја глуми младата принцеза Дајана, Џош О’Конор, за улогата на принцот Чарлс и Џилијан Андерсон, која ја толкува Маргарет Тачер во серијата „Круна“ на Нетфликс.

Драмата „Менк“, исто така, на Нетфикс – приказна за сценаристот на класиката „Граѓанинот Кејн“, ја почна вечерта со шест номинации, но не освои ниедна од наградите.

Sвездата на „Црниот пантер“ – Чадвик Бозман, за кого не се знаеше дека боледува од рак и чија смрт на 44 години ги шокираше неговите обожаватели, постхумно беше награден за најдобар глумец, за неговата последна улога во џез-драмата „Ма Рејни: Мајка на блузот“ (Ma Rainey’s Black Bottom).

И британските актери Даниел Калуја и Џон Боега, како и анимираниот филм „Соул“ беа меѓу наградените. Џејн Фонда – седумкратна добитничка на Златен глобус, ја доби наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело, а Норман Лир доби награда именувана по легендарната Керол Барнет, за долгата своја телевизиска кариера. Јужнокорејскиот „Минари“ е избран за најдобар неанглиски филм.

Next Post

Лајчак допатува во Приштина, пречекан од идниот премиер Курти

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk