ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лајчак допатува во Приштина, пречекан од идниот премиер Курти

March 1, 2021 20:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Посредникот на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак допатува вечерва во официјална посета на Косово, каде што беше пречекан од лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да биде иден косовски премиер по победата на неговата партија на парламентарните избори на 14 февруари.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по средбата во седиштето на ВВ, која траеше нешто повеќе од еден час, Лајчак замина без да даде изјава за медиумите.

На новинарите нешто подоцна им се обрати Курти, кој изјави дека и по оваа средба дијалогот со Србија не е меѓу главните приоритети на идната влада која тој ќе ја формира.

– Ме информира за процесот на дијалогот генерално. Јас уште еднаш појаснив дека ние ги добивме овие избори со нашата програма која е сконцентрирана на правдата и вработувањето, дека сме во услови на пандемијата на Ковид-19 и дека не сме против дијалогот, но сакаме тој да биде принципиелен и добро подготвен, им изјави Курти на новинарите.

Во продолжение на посетата на Косово, посредникот на ЕУ за Западен Балкан утре претпладне ќе има средба со вршителката на должноста претседател на државата и актуелна спикерка на Собранието на Косово, Вјоса Османи.

По престојот во Приштина, Лајчак в среда, на 3 март, ќе отпатува за Белград, каде, меѓу другото, е предвидена средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Утредента ќе отпатува за Црна Гора, каде што ден подоцна,в петок, ќе заврши неговата мини-турнеја во трите земји на Западен Балкан.

Според соопштението од Канцеларијата на ЕУ во Приштина, Лајчак планира да се сретне со политичките лидери на трите партнери од Западен Балкан, како и со претставници на Унијата на терен. /МИА/

Next Post

Пановски: Британскиот сој на вирусот полесно се шири, граѓаните да не се опуштаат и да носат сертифицирани маски

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk