ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниска делегација учествуваше на онлајн февруарските состаноци на ПС на НАТО

March 2, 2021 19:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Собранието на Северна Македонија учествуваше на традиционалните февруарски заеднички состаноци што во организација на ПС на НАТО вчера и денеска се одржаа онлајн преку платформата KUDO.

– Овие состаноци се одржуваат според правилата на Chatham House, при што поради сензитивноста на споделените информации, истите не можат да се пласираат во пошироката јавност, информираат од Собранието на Северна Македонија.

На состанокот, како што се наведува во соопштението, учествувале шефот на  Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО, Арбер Адеми и членот на делегацијата Илија Николовски.

Дебатата се одвивала за пост-пандемиските стратешки предизвици и приоритети за НАТО, отпорноста на општествата и демократијата во Алијансата, предизвиците со Истокот и други актуелни состојби. Парламентарците се осврнале и на Проектот „НАТО 2030” и улогата на парламентите, при што бил поздравен придонесот на парламентарците кон овој проект, кои дале свои размислувања и подобрувања на него. Бил презентиран и првиот онлајн претседателски извештај на ПС НАТО, изготвен под специфични работни услови поради  пандемијата со Ковид-19.

На вториот ден на заедничкиот состанок се одржал специјалниот состанок со постојаните претставници на земјите-членки во Северноатлантскиот совет (NAC).

Февруарските состаноци на ПС на НАТО претставуваат форум на кој парламентарците имаат можност да се сретнат со владините претставници на НАТО и експерти од воената област, со цел да бидат запознаени со актуелните случувања во креирањето на стратешките политики на Алијансата. /МИА/

Next Post

"Кит на плажа" - уникатна и храбра книга за млади на македонски јазик!

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk