ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција, вели вицепремиерот Николовски

March 2, 2021 22:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Планот за борба против корупцијата нема рокови, но има рокови кои се однесуваат на секоја точка во него. Планот е отворен и ќе се надоградува. Постојано на Влада ќе се разгледува статусот на реализација, истакна вечерва вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.

На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Николовски рече дека целта е да се елиминира човечкиот фактор, да се намали можноста за корупција и да нема недоприливи. Според него, државата треба да ги има и сите механизми за конфискација на нелегално стекнатиот имот без разлика за кое лице и да се работи.

Една од новините е тоа што граѓаните во иднина нема да чекаат ред пред шалтерите за да добијат извод од матичната книга на родени, венчани или починати, туку хартиената потврда ќе биде заменета со електронска која институциите ќе ја добиваат преку националниот регистар на население. Човечкиот фактор ќе биде елиминиран, а со процесот на дигитализација, Николовски очекува дека ќе се намали корупцијата. Во овој процес, како што најави, ќе има промена на околу 100 материјални закони.

Прашан дали гледа преклопување со надлежностите на Антикорупциската комисија каде се поднесуваат претставки за сомнежи за корупција, Николовски со став дека треба да се отворат повеќе канали на пријавување.

– Не гледам дека буквално има некакво преклопување. Ние сме дале целосна поддршка на Државната комисија за спречување на корупцијата во било кој сегмент да се овозможат услови за работа без разлика дали се тоа простории, дуплиран буџет којшто го доби Комисијата, дали е тоа набавката на софтвер за поврзување со 17 институции до кои Комисијата денес нема пристап…, истакна Николовски.

Во однос на случајот со генералниот директор на МЕПСО очекува судска разрешница. – Очекуваме судска разрешница и како ќе каже судот, така треба да се постапи, рече Николовски.

Во однос на Законот за високо раководна служба, рече дека е вратен на доработка по барање на меѓународните поддржувачи и на Министерсвото за информатичко општество и администрација и оти моментално тој се разгледува во Советот за реформа на јавната администрација заедно со пакет други закони./MИА/.

Next Post

Сончево со слаб до умерен северен ветер

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk