ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Недоволната продукција на вакцините е причина за доцнењето, вчера 726 нови ковид случаи

March 3, 2021 07:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаразени од коронавирусот и натаму е во пораст, особено во Охрид, Прилеп и Кавадарци каде што имаше најмногу случаи од британскиот сој на вирусот, кој брзо се шири. Според последната статистика, во Прилеп има 650 активни случаи, во Кавадарци 629, а во Охрид 438. Во Скопје и натаму има најмногу активни, и тоа 3.930. Во Тетово 300, а во другите градови помалку од 300.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 726 случаи на коронавирусот од направени 3.144 тестирања. Починати се седум лица, а оздравени 368 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени е 91.875, а на починати е 3.151. Бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани. Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 722 лица. Вкупно 297 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 425 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Во Куманово хоспитализирани се 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 71, во Кавадарци 45. Во другите градови помалку.

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има 386 празни болнички кревети. Во Скопје има 53 слободни места.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, додадоа вчера од МЗ.

Во тек е вакцинацијата на здравствените работници. Вакцина против Ковид-19 вчера до 13:30 часот примиле 2680 здравствени работници.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација досега се пријавиле 71900 граѓани, а 46414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118314 граѓани за вакцинација, 56784 граѓани се на возраст над 70 години, информираат од Министерството за здравство.

За набавката на вакцините вчера се огласи премиерот Зоран Заев, кој истакна дека недоволниот капацитет на продукција и на фајзеровите и на сите други вакцини во светот е причина за доцнењето на вакцините кај нас.

-Верувам дека се навистина денови во прашање. Нашата земја има преземено се што е неопходно за да може час поскоро да набавиме вакцини, нагласи Заев.

Тој посочи дека последната на којашто се работи е вакцината на Астра Зенека.

– Ги имаме преземано дури и чекорите на линија на црвената граница во функција на количините, дури и ако треба да поминат количини кои на крајот не би се имплементирале, но да имаме нарачки на крај. Така беше последната нарачка за стоте илјади спутникови вакцини, но секако имаме дуплирани нарачки од Кина, 200 по 200 илјади вакцини, осумстотини илјади преку Ковакс механизмот, 833.000 директно со Фајзар којшто се склучени, договорите кои што ги имаме со ЕУ заради Западен Балкан… Кога ќе ги правите пресметките поминуваме преку два милиони вакцини. Проценките беа милион, значи сме направиле се што треба да направиме, нагласи премиерот.

Ковидот значително го зголемил бројот на граѓани кои бараат помош на Психијатрија, вели директорот на Универзитетската клиника за психијатрија, Стојан Бајрактаров во интервју за МИА.

Тој информира дека дел од граѓаните имаат потреба од психолошка поддршка поради нивната зголемена вознемиреност, страв, загриженост, напнатост, несигурност и нарушен сон поврзани со семеен член заболен од Ковид-19 или пак непредвидливоста на актуелната ситуација.

– Главно се работи за различни манифестации на анксиозност или влошување на состојби со кои претходно се соочувале. Родителите, пак, најчесто се загрижени за зголемена вознемиреност кај нивните деца, проблеми во нивното однесување и имаат потреба од совет за тоа како подобро би можеле да пристапат кон нив, објаснува доктор Бајрактаров.

За да си го олесниме овој период, тој препорачува, да се следат и да се споделуваат информации од релевантни извори, да се ограничи пристапот до социјалните медиуми кои може да ја зголемат вознемиреноста, да се споделуваат проблемите со блиските и да се обидеме заедно да изнајдеме решенија за некои од проблемите.

Покрај следењето на состојбата со Ковид-19, власта се подготвува за изведување на статистичката операција попис на населението. На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата вчера го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година.

Протоколот, како што соопшти владината прес-служба, ќе предвидува мерки во сите три фази на пописот, односно во фазата на тестирање, фазата на обука и во фазата на спроведување на пописот на терен со посебен Протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на пописот се позитивни на Ковид-19.

Од МВР продолжуваат со казните за непочитувачите на мерката за носење заштита маска. Во текот на претходното деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци, соопшти МВР.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19. / МИА/.

Next Post

Продолжува судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk