„Христијан Мицкоски не сака да дојде на власт во државата. Вака му е најдобро, има пари, статус, возач, обезбедување, негова слика во секој партиски штаб во државата, како да е Тито.“, пишува Никола Тодоров за „Дојче веле“.
1. И на 100 илјади гласови да падне ВМРО, не си одам. Вака Мицкоски му кажал на еден човек со кој се сретнал. Човеков со неверување ја дочекал констатацијата и нивото на авторитаризам кое го манифестирал претседателот на опозициската партија.
2. И десет порази по ред да имам, не си одам и не ја оставаме партијата на друг. Вака му кажал на еден друг човек, негов пријател, кој потоа истово ова гордо и арогантно, го потенцирал при секоја негова средба со кој било партиец или непартиец.
3. Еден човек близок до ВМРО-Народна, кој Мицкоски го познава уште од времето на Либерална партија, неодамна ми рече: Мицкоски добро почна, но само по неколку месеци престана да ги слуша сите оние кои во една реченица немаше да го полеат со воспевање за тоа колку е добар, паметен и политички брилијантен. Вели, доколку не го фалиш постојано, ја прекинува комуникацијата. Велам, а замисли да му изразиш несогласување или да му образложиш различен став од неговиот и тоа да го направиш со аргументи? Вели, тогаш ќе те снајде тоа што тебе те снаоѓа, ќе измисли за тебе куп лаги, ќе даде налог да те масакрираат на ФБ, ќе те прогласи за предавник и секој кој ќе си дозволи да ти направи муабет или да се види со тебе, ќе го снајде истото. Без милост!
Целиот текст на Никола Тодоров за Дојче веле, ТУКА.







