ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Модернизирана и нова преносна мрежа значи инвестирање во иднината, врските со соседите значат електроенергетска стабилност, вели Заев

March 5, 2021 10:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

„Новата и модернизирана преносна мрежа значи инвестиција во подобро утре и олеснување на животот и работата на граѓаните. Врските со соседите значат електроенергетска стабилност што е основа за секоја просперитетна економија. Реализацијата на големи капитални проекти за регионално поврзување на електропреносните системи е долгорочен стратешки интерес за секоја држава.“, објави  на Фејсбук премиерот Заев.

„Започна изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле. Истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.

Во тек е проектот за реконструкција на трансформаторската станица Битола 2 која е дел од најважниот енергетски прстен во земјава и почетната точка на интерконективниот далекувод Битола – Елбасан преку кој Северна Македонија енергетски се поврзува со соседна Албанија на 400 киловолтно напонско ниво.

Со изградбата на новата 400 киловолтна трансформаторска станица кај Охрид ќе се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија на Охридскиот Регион. Со реализација на овој проект ќе се стави во функција коридорот за пренос на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија.

Годинава го завршуваме и проектот за реконструкција на трансформаторската станица „Скопје 4“, многу важен енергетски јазол од каде се напојуваат со електрична енергија потрошувачите во Скопје и околината.

Во фаза на завршни работи е проектот за релејна заштита за постројките во четирите хидроцентрали: Вруток, Тиквеш, Глобочица и Шпиље.

Целосно се реконструирани трансформаторските станици во Валандово, Осломеј и во Дуброво, како и во Прилеп.

Овие големи инвестиции се трајни добра и за идните генерации. Сите треба да работиме за една цел – развој на нашата татковина.“, се наведува во објавата од Заев.

 

Next Post

Спасовски направи увид на реконструкцијата на СВР Куманово

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk