ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Горд сум на зголемениот процент на жените во МВР, во полицијата, во командните структури

March 8, 2021 18:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горд сум на зголемениот процент на жените во управувачката структура на Министерството кое го раководам, во редовите на полицијата, а особено во командните структури на полицијата. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод 8 Март Меѓународниот ден на жената, на неговиот ФБ профил.

– Напорно работевме на подготвувањето на Законот за спречување на семејното насилство заедно со невладиниот сектор и надлежното министерство за да ги елиминираме сите досега осознаени проблеми и кочници во постапувањето при превенирањето, откривањето и санкционирањето на појавите на насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство, воопшто, напиша денеска Спасовски.

Објави дека тој и раководството на МВР продолжуваат со силното спротивставување и на новите појави и форми на родово насилство кои, како што стои, го рушат достоинството и го загрозуваат правото на приватност на жените и девојчињата.

– Ова особено се однесува на случајот Јавна соба, кој нѐ обедини сите во цврстата намера да се забрзаат постапките за криминализација на овие дела со измена на Кривичниот законик. Во насока на зголемување на ефективноста, последниве денови интензивно работиме на подготвување на модалитетите за формирање посебна Единица за борба против родовото насилство (Таск форс). Оваа нова форма на делување ќе биде составена од претставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот и полициски структури, претставници на граѓанскиот сектор, со цел брзо реагирање, санкционирање и превенирање на овие појави, но и креирање стратегија за заеднички активности, почнувајќи од обуки на полицијата и другите државни органи, во насока на ефикасен институционален одговор за борбата против сексуалното и родовото насилство, напиша министерот Спасовски.  /МИА/

Next Post

Евидентирани 40.397 лица во апликацијата за самопопишување на иселениците

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk