ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Родова еднаквост е еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд и еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот

March 8, 2021 18:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Родовата еднаквост претставува еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд на жените кога имаат исти професионални квалификации и капацитет со мажите за истите работни места. Законот за родова еднаквост треба да испорача еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот и рамноправно учество во семејството, креираањето политики и особено родово одговорно буџетирање, нагласи министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на 12-тото издание на „Вечери на женски права“ во организација на Институт за човекови права.

Таа додаде дека останува и Законот за мобинг, на кој работната група работи. Со тоа се заокружува законската регулатива на прашањата кои се однесуваат пред се на жените.

– Кругот на жени се проширува, бројот на жени кои што се подготвени да го кренат својот глас и да испорачаат правда во општеството и во родовата еднаквост секој ден станува се поголем и поголем, нагласи министерката.

Притоа се осврна на веќе донесените закони како Законот за прекин на бременоста, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, последните донесени со силна поддршка и од опозицијата и власта.

Шахпаска информираше дека Министерството за труд и социјална политика има подготвено драфт верзија на Закон за родова еднаквост која ќе биде испратена до Советот на Европа, Венецијанската комисија,ОБСЕ и делегацијата на Европската Комисија во нашата земја за првични коментари, а конечната верзија ќе биде испратена до јавноста за широка дебата.

Таа се осврна и на периодот на пандемија, за кој кажа дека како Влада и ресорно Министерство фокусот им бил ставен на два клучни приоритети: зачувавање на секое работно место и адресирање на проблемите на ранливите категории на граѓани.

Притоа ја посочи храброста и свесноста на жените и нивната подготвеност да одговорат на предизвиците кои ги донесе пандемијата.

– 74 отсто здравствени работници, жени беа на фронтот со КОВИД 19, но и исто така и текстилните работнички и жените кои работат во трговијата. Сите тие свесни и одговорни за ризикот од пандемијата на кој се изложуваат, но храбри да се соочат и да се носат со неа,  потенцираше Шахпаска.

Таа порача дека борбата за родова еднаквост, за еднаква плата за еднакво вложен труд, за рамноправно учество на жените во општеството е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и е нешто на кое интезивно ќе се работи периодот што доаѓа.​ /МИА/

Next Post

Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk