ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Расте бројот на заразени и хоспитализирани со ковид-19

March 10, 2021 08:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени од Ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со Ковид-19, 22 пациенти починаа, а 412 пациенти се оздравени.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со Ковид-19 од кои 353 се во Скопје и има околу 330 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројот на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а на активни случаи изнесува 9.300. Од вкупниот број активни случаи 4485 се во Скопје, 704 во Прилеп, 531 во Кавадарци, 428 во Охрид, 355 во Куманово, 318 во Неготино, 271 во Тетово, 267 во Гевгелија.

Вакцина против Ковид-19 до вчера примиле 3.759 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

За вакцинација против Ковид-19 до вчера се пријавиле 130.463 граѓани од кои 76.990 преку веб-страницата vakcinacija.mk, а 53.473 преку матичните лекари. Од вкупно пријавените за вакцинација  61.908 граѓани се на возраст над 70 години.

Премиерот Зоран Заев синоќа во телевизиско гостување рече дека државава има нарачано околу 2 милиони и 350 илјади вакцини и оти се очекува од крајот на месецов да почнат да пристигнуваат поголеми количини.

-Договорот со „Фајзер“е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април, мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме од 20.000 до 30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските вакцини. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот, додаде Заев

Владата вчера во рамки на 51.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реструктуирање на проектот за итно справување со ковид-19, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката.

Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем, како што соопшти владината прес-служба, ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници за зголемен обем на работа во борбата со ковид-19 во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година. Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини.

Владата донесе одлука да се спроведе едукативна и информативна кампања од исклучителен јавен интерес за заштита и за имунизација на населението од Ковид-19 и го задолжи Генералниот секретаријат во рок од 15 дена во координација со Министерството за здравство и со Секторот за односи со јавност на Владата да спроведе јавна набавка за избор на идејно и креативно решение и за реализација на кампањата. / МИА/.

Next Post

„Агендата Европа дома“ влог во европската агенда на земјата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk