ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повредени и уапсени по синоќешните сериозни инциденти во Атина

March 10, 2021 10:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Повредени најмалку тројца полицајци, од кои еден посериозно, приведени десет лица, материјална штета на автомобили и продавници, запленети молотови коктели, но и осуда од политичките сили во Грција е исходот од синоќешните протести против полициското насилство во атинската населба Неа Смирни, кои завршија со сериозни инциденти јави дописничката на МИА од Атина.

Посериозно е повреден полицаец кој беше нападнат од поголема група маскирани лица и со повреди на главата беше префрлен во болница, меѓутоа не е во животна опасност.

Инцидентот се случи кога полицајци со мотори во движење беа нападнати од поголема група, а повредениот беше совозозач на последниот мотор, а маскираните лица откако го фрлија на земја, продолжија со ударите.

Населбата, што важи за една од помирните во јужниот дел на Атина, синоќа наликуваше на бојно поле кога маскирани лица  фрлаа камења, дрва, но и огромен број молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец, шок бомби и со топови со вода.

Полицијата соопшти дека пред протестот заплениле молотови коктели.

Инцидентите со прекини траеја неколку часа, а насилството го осудија како од грчката Влада, така и од опозициските партии.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата видео изјава повика на воздржаност и смиреност, рече дека „жалните слики на насилство што сите ги видовме во Атина, мора да бидат последни“ и истакнува дека „слепиот бес не води никаде“.

-За жал, некои луѓе ги игнорираа нашите предупредувања. И, на оние кои се обидуваат да шират омраза и поделба во општеството за да го покријат сопствениот ќорсокак, како што тоа го правеа во минатото, им одговарам со следново: Вечерта на изборите на 7 јули 2019 година, истакнав дека сум тука за да гарантирам единство, безбедност и просперитет на сите Грци. Ова го повторувам и сега. Нема да дозволам никој да не дели. Нема да дозволиме никој да не врати назад, рече Мицотакис.

Од опозициската СИРИЗА ги осудија инцидентите,како и нападот врз полицаецот и истакнаа дека  „на насилството не се одговара со насилство“ и „насилството само го оправдува насилството “.

Вчерашниот протестот беше организиран откако во неделата жителите на атинската населба Неа Смирни, преку сведоштва и објавени видеа на социјалните мрежи обвинуваа за полициско насилство врз момче.

Протестот започна мирно со учество на над 5.000 лица, а заврши со сериозни инциденти.

Next Post

Здравствениот систем на Црна Гора пред колапс

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk