ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Премиерот Заев: Правосудството мора да се прочисти од нечесните судии и обвинители

Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред. Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш - вели Зоран Заев во своето видео обраќање.

December 1, 2019 11:37
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во најновото видео обраќање, објавено на владината веб страница, како и на Фејсбук, го насочува вниманието кон правосудството, во која повика на сериозно и длабоко прочистување од нечесните судии и обвинители. Со отворени, јасни и недвосмислени пораки, тој побара од Антикорупциска и од други институции, вклучувајќи ја и Европска комисија, да преземат решителни и остри чекори со кои ќе ја ослободат правдата од, како што рече, „Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата“. Го објавуваме целото обраќање на Зоран Заев со видео и текст:

Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции.

Овие последни упоришта на „заробената правда“ продолжија да ги контролираат судските процеси во кои беа осомничени токму протагонистите на режимот. Злоупотребувајќи ја одвоеноста на судската од извршната власт, овие таканаречени Сваровски судски центри на моќ застанаа на патот на правдата.

Ова мора да престане веднаш! Правосудството мораме да го прочистиме од нечесните судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.

Антикорупциската комисија, токму сега врши проверка на парите и имотот на сите членови на Владата, започнувајќи од мене. И тоа е сосема во ред.

Затоа, ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите, веднаш. Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш. Извршната власт ќе ги стави на располагање сите свои капацитети за проверка на потеклото на имотите и парите, на обвинителите, судиите, и нивните семејства.

Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе.

Ги повикувам Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите. Мораме да обезбедиме правосудство кое одлучува, а не правосудство кое застарува предмети! Мораме да го прочистиме судството од непрофесионалните, неажурните и корумпираните!

Истовремено, најавувам дека преку институциите ќе започнеме контрола на сите лекарски потврди за домашен притвор, или за привремено пуштање од затвор, по кои се случило бегство.
Владата ја повикува и Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил. Согласно законските одредби за јавност, Владата предлага сите снимки од судења на случаите кои ќе бидат набљудувани од Европската Комисија, да бидат достапни во аудио верзија. Време е судството да се соочи со јавноста!

Почитувани граѓани, ова прочистување ќе овозможи правда да може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата.

Пред граѓаните ветивме правда! Му дадовме шанса на судството, а од таму до сега немаше резултати. Затоа, судството ќе мора да се соочи со граѓаните, да се прочисти од нечесните и да се промени!

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/3077989472230450/?v=3077989472230450

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нешто „смрди“ кај Белата палата, поставени мерни станици

НАЈНОВО

ДИК: Досега 5.729 граѓани го провериле Избирачкиот список

September 10, 2025

Три лица, меѓу нив и малолетник, пријавени за пожарот во кумановската населба „Бавчи“

September 10, 2025

Алиу: Се формира Здравствениот совет, здравствените политики ќе добијат стручна и научна поддршка

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk