ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Јурова: Стотици напади во ЕУ против новинари на интернет, пред сѐ против жени

March 10, 2021 18:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вера Јурова, потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредностите на ЕУ, им вети на европратениците дека ќе се смени пристапот на Брисел кон медиумите за поголема заштита, јави дописничката на МИА од Брисел.

Јурова ова го изјави попладнево на пленарната седница на Европскиот Парламент посветена на ситуацијата со слободата на медиумите во Словенија, Полска и Унгарија.

Ако до скоро таргетирани беа главно Полска и Унгарија, последните месеци се забележуваат засилени напади врз новинарите и медиумските куќи, вклучително и државната агенција, од страна на словенечката влада и на премиерот Јанез Јанша.

Потпретседателката на Европската Комисија нагласи дека состојбата со медиумите е влошена во речиси сите земји на Европската Унија и потсети дека медиумскиот плурализам е суштински за функционална демократија.

-Внимателноста е многу важна, мора да ги гледаме прашањата во широк контекст, и треба да извлечеме поуки од скорешното минато кога влади станувале автократски, тоа е истата шема, се онеспособуваат механизмите на надзор како независното судство и независните медиуми, се стеснува просторот за граѓанското општество и им се вели на граѓаните да бидат активни секои четири години на избори, а во меѓувреме им се вели да молчат, изјави Вера Јурова во Европскиот Парламент попладнево откако ги ислуша европратениците кои ја предупредија за загрозувањето на медиумските слободи во Полска, Унгарија и Словенија и од неа побараа да реагира со конкретни мерки.

Таа ги увери дека новиот извештај за владеењето на правото ги покрива овие прашања, но и дека Европската Комисија никогаш во историјата не посветувала толкаво внимание на медиумите како сега.

-Имаме двајца убиени новинари, имаме и стотици напади кон новинарите, пред сѐ на интернет и пред сѐ кон жени новинарки, истакна Јурова, алудирајќи, меѓу другото, на нападите на Јанша кон новинарката на Политико Европа, Лили Бајер, и новинарката на Њу Јорк Тајмз, Матина Стевис на Твитер.

Јурова меѓутоа призна дека Европската Комисија сѐ уште не располага со доволно алатки за да се справи со заштитата на медиумските слободи поради застареното законодавство на ЕУ.

-Ова влошување не било предвидено од законодавците, тие сметале дека секогаш медиумите ќе работат без страв и без политички и економски притисоци, но сега ја гледаме вистината, и сметам дека сега навистина се потребни нови мерки и алатки, мора да престанеме да ги гледаме медиумите само како економски чинител на внатрешниот пазар, тоа беше смртоносна грешка, изјави Јурова. /МИА/

Next Post

Над 600 деца во Израел примиле вакцина против коронавирус, не се пријавени сериозни нуспојави

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk