ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

9 модни заповеди на неповторливата Шанел: „Доколку фустанот е грд ќе го паметиме него, но доколку е беспрекорен ќе ја паметиме жената“

March 10, 2021 18:26
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Облеката која што оваа генијална жена им ја понудила на дамите на почетокот на минатиот век, претставувала вистинска револуција.

Од мноштвото креатори кои што денес нудат различни креации и трендови на пазарот, Коко се издвојува по популарната реченица „Модата поминува, стилот останува“. Таа инсистирала на едноставноста, внатрешната убавина и самосвест на жената.

Успеала да создаде моќен бренд кој што и денес, како и во нејзиното време е апсолутен „господар“ на трендовите.

Ова се нејзините модни заповеди:

  1. Помалку е повеќе

„Тајната на вистинската елеганција се крие во едноставноста, треба да се ослободите од сето тоа што не е корисно. Во животот често правиме грешки сметајќи дека со вишокот си обезбедуваме среќа, а спротивно е – работите така само се комплицираат. Секогаш треба да знаете дека „помалку е повеќе““, зборувала Коко.

  1. Луксузно – тоа не значи удобно

„Облеката пред сè треба да биде удобна, без тоа ниту најлуксузното парче нема да биде луксузно“, раскажала легендарната креаторка. И, навистина – жените кои што го следеле трендот на Коко се чувствувале пријатно: никогаш високи потпетици, маици без ракави, меки капути и костими, чантички со синџирчиња.

  1. Парфемот е важен колку и облеката

„Жената која не користи парфем нема иднина“, оваа фраза на Коко и денес е популарна. Нејзиниот легендарен парфем „Chanel No5“, кој го креирала во 1922 година, сè уште е на врвот на листата на најбарани парфеми.

  1. Истакнете ги предностите, сокријте ги недостатоците

„Изборот на кројот навистина прави чуда, доколку е погрешен убавата жена нема да биде атрактивна – и, обратно“.

  1. Магијата на малиот црн фустан

„Доколку фустанот е грд, ќе го паметиме фустанот. Доколку е беспрекорен, ќе ја паметиме жената“, изјавила Коко на која жените можат да ѝ се заблагодарат за малиот црн фустан, шик парче кое го лансираше во 1926 година.

  1. Бирајте квалитетни парчиња

„Модните ‘крикови’ кои што ги фрламе по завршување на сезоната се најобично трошење пари. Инвестирајте во класични, квалитетни работи, како на пример бела кошула која што никогаш не излегува од мода“, истакнала славната креаторка.

  1. Бижутерија? Зошто да не

„Сеедно е дали накитот е ‘вистински’ или пак ‘лажен’. Глупаво е жената да се шета наоколу со милиони околу вратот. Поентата е во тоа да изгледа привлечно, а не богато. Бижутеријата умее да биде атрактивна, а притоа совршено да се вклопи со парчињата облека“, изјавила Коко.

  1. Менувајте ја фризурата

„Промената на фризурата е најдобриот начин да се подигне самодовербата и да се освежи стилот, па дури и начинот на размислување. Работејќи со илјадници жени, одново и одново се убедував дека тој феномен навистина постои. Доколку немате храброст да ја смените фризурата, сменете ја бојата на коса“, истакнала Шанел.

  1. Секогаш изгледајте тип-топ

„Не разбирам како жената може да излезе од дома, а пред тоа барем малку да не се дотера. Секогаш во јавноста претставувајте се како личност каква што сакате да бидете, нека светот биде вашата модна писта“, изјавила Шанел.

извор: https://tocka.com.mk/

Next Post
Илустрација: Зоран Кардула

Цивил со нов проект: "Направи разлика: Почитувај ги различностите"

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk