ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Јас сум против лидерска средба за да се одблокира Собранието, но ако партиите сакаат, нека се сретнат

March 10, 2021 21:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери во вечерашното интервју за емисијата „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“ изјави дека е против лидерски средби, но е „за“ ако партиите имаат потреба од тоа. Тој тоа го кажа, прашан дали се согласува со предлогот на премиерот Зоран Заев да се организира лидерска средба ако во следниот период не се одблокира Собранието.

– Воспоставената пракса дека сè зависи од лидерски средби е лоша. Таа е воспоставена во овие три децении на парламентарна демократија во нашата земја. Не сметам дека е тоа решението. Собранието како највисок законодавен орган и како посебна власт, според уставната поделба на власта, е институција која треба да биде надвор од влијанијата. Ако се раководиме според основниот постулат што е Собрание и која е неговата улога и место според Уставот, јас треба да повторам дека тоа е претставнички орган на граѓаните и одлучува во нивно име. Пратениците се слободни во своите одлуки и не зависат и не подлежат на одговорност ниту политичка ниту кривична за нивните одлуки кои ги носат во законодавниот дом. За жал, се воспостави пракса и се вгради менталитет дека нештата им припаѓаат на политичките партии, истакна претседателот на Парламентот.

Тој нагласи дека институциите не се на партиите, туку на државата и на граѓаните.

– Собранието е на Република Северна Македонија и им припаѓа на граѓаните. Собранието не е на мнозинството, туку Владата има поддршка од мнозинството. Собранието е на пратениците, односно граѓаните. Тоа нема мнозинство од 62 пратеници, туку има 120 народни избраници. Тие имаат право, обврска и должност да учествуваат во работата на Собранието, без оглед на нивните политички определби. Тука е почетниот проблем. И очигледно е дека пратениците не одлучуваат според реалниот тек во Собранието, туку според партиските одлуки на кои им припаѓаат, нагласи Џафери.

Смета дека ако работата на институцијата чија основна задача е да носи закони и прописи во корист на граѓаните и државата, тогаш партиските работи треба да се остават настрана.

Next Post

Џафери: Интерпелациите за Николовски и Маричиќ на 36. собраниска седница најавена за 23 март

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk