ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски-Норман: Билатералните односи со Канада дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО

March 11, 2021 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Џајлс Норман, новоименуван амбасадор на Канада во Северна Македонија, со седиште во Белград.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свечената церемонија на предавање на акредитиви, Пендаровски истакна дека Северна Македонија и Канада традиционално ги поврзува пријателство и меѓусебно разбирање. Одбележувајќи 25 годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи со Канада, билатералните односи, како што рече претседателот Пендаровски, дополнително се зајакнаа со сојузништвото во НАТО.

-Билатералната и мултилатералната соработка и нашето партнерство се базираат на споделувањето на вредностите на демократијата, како и на визијата за градење на поправеден и поинклузивен свет. Канада отсекогаш за нас била земја на толеранција, на различности и почит кон сите луѓе, што нè чини уште поблиски како две држави, иако географски далечни, рече Пендаровски.

Посакувајќи му на амбасадорот Норман успех во извршувањето на дипломатската должност, претседателот Пендаровски изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се развива во нагорна линија во повеќе сфери од заеднички интерес, со фокус на унапредување на економските релации.

-Во оваа смисла, свој придонес дава и бројната дијаспора по потекло од нашата држава, која е дополнителен мост за јакнење на нашата меѓусебна комуникација и унапредена соработка во културата, образованието, науката и технологијата, нагласи претседателот.

Амбасадорот Џајлс Норман истакна дека Северна Македонија и Канада имаат многубројни заеднички особини кои ги обединуваат двете земји, меѓу кои е и различноста.

-И Северна Македонија и Канада имаат богато етничко, религиозно и јазично наследство. Прифаќањето на различноста ги прави нашите земји посилни. Споделувајќи ги нашите искуства, Северна Македонија и Канада можат да учат една од друга за тоа како различноста може да придонесе за вклученост и заедништво, рече амбасадорот Норман.

Амбасадорот Норман нагласи и дека на двете земји заедничка особина им е посветеноста на рамноправноста меѓу мажите и жените, како и желбата да се изгради посилна економија преку трговска размена и инвестиции.

-Од суштинско значење за нашата економска соработка е бизнис клима каде што се почитува владеењето на правото и каде што странските инвестиции се заштитени од произволни одлуки. Зголемување на економската соработка ќе биде важен дел од мојот мандат, заклучи амбасадорот Норман.

извор: МИА

Next Post

Филипче: Да не се компромитира процесот за набавка на вакцини со измислени афери

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk