ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МВР и РСБСП со нова кампања „Стави појас“

March 11, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска почнаа кампања под мотото „Стави појас“ која е во насока на продолжување на позитивниот тренд на подобрување на безбедноста во патниот сообраќај.

Кампањата ќе опфати голем број на превентивно-едукативни активности кои ќе се реализираат на територија на цела држава во период од неколку месеци, како и интензивни медиумски активности и засилени сообраќајни контроли за користење на појас од страна на возачите и патниците.

Проценките покажуваат дека голем дел од возачите не користат сигурносен појас.

– Состојбата е уште по неповолна кога станува збор за сопатници на предното седиште, додека  бројот на патници на задното седиште кои користат појас е приближно еднаков на нула. За споредба, стапката на користење сигурносен појас на предните седишта во земјите од Европската Унија е околу 90 проценти, а на задните седишта од 60 до 70 проценти, велат од МВР.
Користењето на сигурносен појас е законска обврска како за возачите, така и за патниците на предните и задните седишта. Обврската е задолжителна без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место. Некористењето на сигурносен појас се санкционира со парична казна за лицето кое не користи појас без разлика дали тоа е возач или патник на предното или задното седиште.
МВР и РСБСП  апелираат до возачите и патниците да ги почитуваат законските обврски и секогаш и секаде, дури и на најкратките патувања, задолжително да стават појас.
Од МВР посочуваат дека како резултат на засилените контроли на сообраќајната полиција и превентивните активности реализирани во соработка со РСБСП, минатата година имало најмал број на загинати во сообраќајни несреќи во однос на претходните години, а тренд на подобрување на безбедноста на сообраќајот се бележи и во првите два месеца од годинава. Според податоците на МВР, минатата година 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5494 лица биле повредени.
извор: МИА
Next Post

Битиќи: Пратениците треба да си ја работат својата работа како сите други во државата

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk