ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Ќе продолжи поддршката за угостителските објекти кои организираат свадби

March 11, 2021 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката за угостителите кои организираат свадбени веселби ќе продолжи, но за Владата е неприфатливо да донесе спротивни одлуки од предложените од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши од Куманово по посетата на компаниите.

-И во други наврати сме навеле и сега ќе повторам, дека за нас, како Влада секако е неприфатливо да донесеме спротивни одлуки од тоа што го предлага Комисијата за заразни болести. Како што беше во четвртиот сет на економски мерки и сега со петтиот сет на економски мерки секако дека тие дејности кои ќе бидат затворени со одлука на Владата по предлог на Комисијата ќе бидат дополнително поддржани од страна на Владата се со цел да бидат ликвидни, но истовремено и да ги зачуваат работните места-изјави Бектеши. Тој потсети дека останатите угостителски објекти работат до 21 часот и за нив нема рестрикции. Во првите два месеци од оваа година, посочи министерот се враќа економската активност во државата.

-Јас сум убеден дека ако продолжиме на ваков начин сигурно ќе забележиме економски раст оваа година согласно предвиденото и со буџетот за 2021 година, а секако во зависност од ситуацијата со пандемијата ќе донесеме соодветни одлуки каде што одредени дејности би биле поддржани дополнително ако е потребно. Што се однесува до угостителските објекти за свадби тие согласно препораките на Комисијата моментално се затворени, а но ако има можност до пред сезоната секако дека ќе направиме напори да бидат отворени и да се стават во функција, а секако ние како Влада ќе ги поддржиме дополнително ако во некој случај има дополнителни рестрикции- изјави Бектеши.

Заменикот-министерот за здравствто, Илир Хасани рече дека сите барања се разгледуваат интензивно, се следи секоја состојба, но дека во овој момент поради епидемиолошката состојба не може да се отворат свадбарските ресторани, нагласувајќи дека нивното барање за покривање на загубите е регуларно и дека и досега им се компензира. Протоколи за вакви ресторани, смета заменик министерот е многу тешко да се спроведат пради самиот чин на свадбите, кој тешко се контролира.

– Од здравствен аспект ние го ставаме како Влада здравјето пред сè. Еве денес постави прашање некој од шефовите на такви свадбарски ресторани дали вие би почуствувале мир и спокој во душата кога ќе излезете од една свадба во 12 часот навечер после 300 луѓе коишто се гушкале и се развеселиле. Јас не би се чуствувал мирен после таков настан. Јас ќе стојам сè додека не се подобри епидемиолошката состојба во Република Македонија јас стојам на мислењето на Комисијата дека треба да не се отвораат овие свадбарски ресторани, иако барањето е многу коректно затоа што тие им се единствен приход на тие бизниси- изјави заменик министерот Хасани.

извор: МИА

Next Post

Презентиран Оперативниот план за 2021 година - За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk