ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Ангеловска: Од 15 декември започнува #МојаНаграда, највисоката награда 50.000 евра

December 1, 2019 17:36
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од 15 декември започнува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, која ќе трае една година и на која ќе се доделат две главни премии од по 50.000 евра, секој месец ќе се доделуваат 15 награди од по 100.000 денари, додека секој ден ќе се доделуваат по 10 награди – 4 по 1.000 денари, 3 награди по 2.000 денари и 3 награди по 3.000 денари. Вкупниот фонд на #МојаНаграда е половина милион евра, а ќе можат да учествуваат сите полнолетни граѓани кои се регистрирани во системот на е-персонален данок и кои скенираат фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која беше претставена #МојаНаграда.

Како што рече министерката за финансии, добитниците на дневна основа ќе се извлекуваат софтверски преку електронски генератор и ќе бидат известени преку самата апликација „МојДДВ“. Тие ќе добијат известување колкава награда добиле или доколку не добиле награда ќе добијат едукативна порака. Оние кои при скенирање на сметките нема да добијат дневна награда, ќе учествуваат во извлекувањата на месечно ниво и на извлекувањата за премиите. Извлекувањата за месчените награди и за премиите ќе бидат јавни.

“Која е целта на #МојаНаграда? – Да биде засилување на мерката МојДДВ – која патем дава одлични резултати во сузбивањето на сивата економија. #МојаНаграда треба да ги мотивира луѓето да ги скенираат и оние сметки со помали суми на ДДВ, , кои претходно не ги скенирале, како и да ги натера да продолжат да скенираат сметки откако ќе го надминат месечниот праг за поврат на ДДВ“, рече Ангеловска.

Ангеловска рече дека при дизајнирањето на #МојаНаграда биле земени најдобрите практики од другите земји, од извештаи на Европската комисија. Таа посочи дека покрај сузбивањето на сивата економија, преку наградната игра ќе се врши и финансиска едукација на граѓаните и подигање на даночниот морал преку едукативни пораки.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска истакна дека мерката МојДДВ, на која се надоврзува наградната игра МојДДВ#МојаНаграда дава одлични резултати.

„Вкупно корисници на апликацијата заклучно 28 ноемрви има 184.728 корисници, скенирани се 39.584.924 фискални сметки. Остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5% и 18% од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра. Просечната старост на лица кои скенираат фискални сметки е од 42-44 години, а најмногу скенираат лица на возраст од 35 години. Во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош имаат најмногу лица кои скенираат фискални скметки, како и во Битола и во Штип“, рече директорката Лукаревска.

Таа апелираше до граѓаните кои немаат внесено траснакциска сметка за поврат на ДДВ да го направат тоа.

Инаку организатори на наградната игра #МојаНаграда се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Македонија. Предвидени се вкупно 3.852 награди и тоа 1.468 награди по 1.000 денари, 1.101 награда по 2.000 денари, 1.101 награда од 3.000 денари, 180 награди по 100.000 денари и 2 награди по 3 милиони денари.

Next Post

Лукаревска: Ќе се проверуваат евентуални злоупотреби за минималната плата

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk