Премиерот Зоран Заев им заблагодари на македонските спасувачки екипи кои заминаа да помогнат во спасување и санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија.
Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес.
Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.
Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст.
-напиша премиерот на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/66035312931/posts/10158050300387932/