Здружението на граѓани „Медиа Плус“ во рамките на својата работа на справување со дезинформации, објави и видео со разговор и сведоштва на новинари од „Канал 77“ за можноста дезинформации и говор на омраза да „се протнат“ во контактни емисии, односно во емисии во живо.
Емисиите во живо, особено популарни кај граѓаните со нивно учество како слушатели или гледачи, донесоа нов предизвик за македонското новинарство – соодветно да одговори на говорот на омраза, но и дезинформациите, што намерно или случајно се шират.
За своето искуство од овој тип на емисии со Габриела Додевска разговара новинарот Столе Наумов, долгогодишен водител на емисија „Стадион“ на Канал 77.
Наумов вели дека е многу значајно новинарот навремено да го предупреди, ако треба, и прекине учесникот во емисијата доколку употреби говор на омраза и да биде доволно едуциран и информиран за да препознае дезинформација и на тоа укаже.
извор: МЕТА