ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Конкурс за творби од основци инспирирани од делата на Конески

March 15, 2021 11:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и согласно Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ и заклучокот на Владата, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Конески, кој е отворен до 1 април 2021.

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта во земјава, а натпреварот е во неколку категории за различни возрасти.

Учениците од прво до трето одделение може да учествуваат во три категории: за најдобра ликовна творба „Блаже Конески низ цртеж“; за најдобра ликовна творба „Буквите низ цртеж“ и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Учениците од четврто до деветто одделение може да учествуваат со свои творби на темите: „Конески бдее над татковината – јазикот“ или „Поезијата на Блаже Конески – наша ненасушна инспирација“ во три категории: за најдобра поетска творба; за најдобар расказ и за најдобра ликовна творба/фотографија.

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски труд во една категорија или во повеќето наведени категории, соодветно на одделението во кое учи.

– Творбите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на ученикот, инспирирани од богатата ризница на поетски творби на Блаже Конески, наведува МОН во Конкурсот во кој се содржани информации за начинот и адресата за праќање на творбите.

За изборот на најдобрите творби во секоја од наведените категории, Министерството за образование и наука ќе формира посебни комисии составени од пет члена.

Ќе бидат доделени вкупно 27 награди, само за освоено прво место, во секоја категорија, за секое одделение од основното образование. Секоја награда се состои од книги.

Министерството за образование и наука ќе ги објави имињата на наградените ученици на својата веб-страница www.mon.gov.mk,  најдоцна до 20 април 2021.

Наградите ќе бидат доделени на настан по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, а за присуство на приемот на наградата, како што е наведено во Конкурсот, МОН ќе ги надомести средствата за превоз на наградените учесниции за придружба на еден возрасен (наставник или родител/старател), во износ на билет за автобуски превоз.

извор: МИА

Next Post

Борел подготвен да го врати западниот Балкан на дневен ред во април

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk