Тој додаде дека до денеска нема докази дека инцидентите биле предизвикани од вакцината.
– Важно е кампањата за вакцинација да продолжи, за да можеме да спасуваме животи и да го запреме сериозното ширење на вирусот, рече Линдмаер.
Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“ е безбедна и дека британската Влада е сигурна во нејзината употреба.
На прашањето дали може да ги увери луѓето дека вакцината е сигурна, Џонсон потврди дека може.
– Во MХРА (британска агенција за лекови) ги имаме најискусните регулатори во светот. Тие воопшто не гледаат причина да ја прекинат програмата за вакцинација. Значи, ние сме сè уште многу сигурни во програмата и убаво е да се види дека вакцинацијата се спроведува толку брзо низ Велика Британија, рече Џонсон. /МИА/




