Речиси во целата држава утринава минималните температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -8 степени, пренесе МИА.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Крива Паланка се измерени -6 степени, во Петровец Скопје -5, а на Зајчев Рид -4 степени. Четири степени под нулата се измерени и во Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и Лазарополе, а -3 степени во Тетово, Маврово, Прилеп и Крушево. Во Гевгелија и Дебар утринава температурата се спуштила до -2 степена, а во Охрид и Виница до -1 степен. Најтопол утринава е Дојран со 2 степена над нулата и Претор со нула степени.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.