ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден во посета на Пенсилванија за промоција на „Планот за спас на Америка“

March 16, 2021 19:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска е во Пенсилванија на првите средби од турнејата за промоција на таканаречениот „План за спас на Америка“, пакет од економска помош во висина од 1.9 трилиона долари. 

Бајден, неговиот потпретседател Камала Харис, првата дама Џил Бајден и претставници на администрацијата неделава посетуваат низа клучни сојузни држави и ќе настапат на локални телевизии за промоција на мерките за помош на економијата ослабена од последиците на пандемијата. 

Претседателот денеска се среќава со претставници на малиот бизнис во округот Делавер, Пенсилванија, каде тој победи на изборите во ноември. Во петок, тој и Харис ќе ја посетат Џорџија, уште една клучна држава каде Бајден извојува победа над Трамп. 

Потпретседателката, пак, ќе оди во западниот дел на земјата. 

Усвоениот пакет економска помош е победа на демократите во Конгресот, кои се мнозинство, наспроти противењето на републиканците, кои сметаат дека издвоените пари се премногу и дека пакетот вклучува мерки неповрзани со пандемијата. 

Економскиот советник во Белата куќа, Џаред Бернстајн, за Си-Ен-Ен укажа дека висината на пакетот е оправдана и дека мерките ќе помогнат економијата да излезе од кругот падови и подеми што се менуваа од почетокот на пандемијата кога земјата воведе мерки за карантин. 

Пакетот предвидува директни исплати во висина од 1.400 долари за мнозинство Американци (оние со годишна плата помала од 75.000 долари), сојузна помош за државите и локалните власти во висина од 350 милијарди долари, помош за малите бизниси, железницата, рестораните и авиопревозниците, 110 милијарди долари за месечни исплати на детски додаток (детски даночен кредит за родителите) и повеќе пари за програмата за вакцинација. 

Бајден синоќа изјави дека во следните 10 денови, администрацијата има намера да постигне две важни цели: 100 милиони вакцини и 100 милиони директни исплати за населението. /МИА/

Next Post

Е-конзулат за побрза и поефикасна услуга за нашите во странство

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk