ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026 13:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на прес-конференција упати жестоки критики по повод двегодишниот мандат на Владата предводена од Христијан Мицкоски. Според неа, наместо ветениот поголем животен стандард и повисоки плати, реалноста денес покажува дека граѓаните живеат потешко, поскапо и понеизвесно, додека социјално ранливите категории и пензионерите се комплетно изманипулирани и заборавени од државата. Единствено нешто што забрзано се зголемува изминативе две години, како што посочи Тренчевска, се цените, трошоците за живот и стапката на сиромаштија.

Опозицијата алармира дека македонскиот работник во моментов ја зема најниската плата во Европа, со која едвај успева да го преживее месецот. Како директен пример за неуспехот на економските политики, Тренчевска го посочи драстичниот скок на инфлацијата која наместо ветуваните 2,5 проценти, денес изнесува 4,8 проценти. Таа додаде дека на едно четиричлено семејство сега му се потребни скоро 70.000 денари за покривање на основните месечни трошоци, што значи дека за нормален живот се неопходни речиси три минимални плати кои воопшто не го следат растот на цените.

Скратени пари за пензионерите и нула реализација на платформата „1198“

Тренчевска упати и директно обвинување за манипулација со пензионерите, тврдејќи дека преку лажна кампања власта им ги скратила парите. Според нејзините математики, доколку се задржел претходниот систем на СДСМ, најмалото зголемување на пензиите ќе изнесувало меѓу 1.500 и 1.600 денари, а најголемото 3.500 денари, што во текот на годината ќе донесело многу повеќе пари во пензионерските буџети.

„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше намалување на сиромаштијата, а уште во првата година донесе зголемување од 22 проценти. Нема исполнето ниту едно клучно ветување од нивната платформа ‘1198’ за помош на најранливите. Гарантираната минимална помош не е зголемена за 10 отсто на годишно ниво, ниту пак посебниот додаток за 30 проценти“, изјави Тренчевска.

Таа нотираше дека целосно потфрлиле и ветувањата за изградба на нови домови за стари лица, дневни центри за лица со попреченост, како и мерката за поврат на персонален данок за вработените мајки по породилно отсуство, заклучувајќи дека вкупниот резултат на Мицкоски по две години власт е нула.

Next Post

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk