ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Расте бројот на новозаразени, опозицијата бара од Собранието интерпелација за Филипче

March 17, 2021 08:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се зголемува бројот на заразени со КОВИД-19 и на приеми на пациенти, низ државата се хоспитализирани 1082, болничките капацитети се полнат и се адаптираат нови – од вчера во функција е ковид-центар на Клиниката за трауматологија.  Општинските кризни штабови апелираат за построги мерки, а опозицијата во Собранието поднесе предлог за интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче поради лошо справување со здравствена криза и со набавката на вакцини.

Во вчерашниот билтен беа регистрирани 999 новозаразени од 3627 тестирања. Починаа 24 пациенти на возраст од 46 до 80 години, а  оздравени се 543. Активни случаи во целата земја има 11 889, од кои 5941 во главниот град.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека за една недела (8-14 март) за 22,2 отсто е зголемен бројот на позитивни случаи во однос на претходната седмица. Во овој период имало 5456 новодијагностицирани  од 34 градови, а половина од нив се во Скопје (2708 или 49,6 отсто). Највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Капија, а најзастапена возрасна група од сите случаи е над 60 години  (26,3 отсто).

Од 8 до 14 март починале 129 луѓе од 21 град, што е за 2,3 пати повеќе во однос на минатата недела, а оздравени во овој период се 2737 лица, што е намалување од 29,7 отсто.

Кризните штабови на општините апелираат за построги мерки и од граѓаните се бара голема совесност и одговорност. Поради алармантната состојба во Прилеп, каде што заразата е раширена со британскиот сој на вирусот и има 805 активни случаи, кризниот штаб во овој град од Владата и од Главниот кризен штаб бара да се воведе полициски час од 19 часот и скратен и редуциран јавен превоз.

Според градоначалникот Илија Јованоски, Прилеп цел месец е втор град по бројот на новозаразени, по Скопје, а загрижува тоа што граѓаните се неодговорни, се групираат и многумина од заразените ги кријат контактите.

Поради зголемен број заразени наставници и ученици во наставата со физичко присуство (1-3 одделение), од вчера е затворено ОУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош и до крајот на месецов и за овие ученици, како и за тие од погорните одделенија, наставата ќе биде онлајн.

Оценувајќи дека здравствениот систем не функционира и дека ова е најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага Собранието да расправа за интерпелација на министерот Венко Филипче, обвинувајќи го за скандал со набавката на кинеските вакцини и дека „поважни му се провизиите за вакцини од животот на граѓаните“.

-Единствени сме во светот по најлошото справување со коронакризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. Петто место, но одзади, изјави Кирил Пецаков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ возврати дека опозициската партија шири лажни вести и се однесува неодговорно што кулминира со конструирани случаи и со барање за отповикување на Филипче и дека заради теснопартиски интереси свесно и со умисла му наштетува на угледот на државата.

– Создава атмосфера на јавен линч на секој кој ќе се обиде да помогне во набавката на вакцините и со тоа намерно ги одвраќа економските оператори да бараат легални канали и да лобираат за земјата побрзо да обезбеди доволна количина вакцини за масовна имунизација на населението, рече на прес-конференција пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

Засега нема одреден датум кога ќе стигнат вакцините за масовна имунизација. Од пратките „Фајзер“ и „Спутник В“ се вакцинира медицинскиот кадар и, според податоците на Министерството за здравство, од 17 февруари до 15 март се вакцинирани 5061 здравствен работник.

Разочараност од испораката на вакцини од Европската Унија за нашата земја призна и премиерот Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“.

-Би бил нечесен ако не признаам дека ЕУ нѐ разочара со набавката на вакцини за корона. Но, ни рекоа дека во овој момент е невозможно за Унијата да ги сподели вакцините, рече Заев кој, сепак, се заблагодари  за помошта на ЕУ во делот на заемите. Додаде дека за вакцини можевме да сметаме на српската солидарност и дека се нарачани дози од Кина и Русија.

Со вчерашната статистика на Министерството за здарвство, бројот на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 113.929 од 571.068 направени тестирања. Починаа 3.364 луѓе, а оздравени се 98.676. /МИА

Next Post

Заев со надеж за наоѓање решение за бугарското вето пред јуни, Борисов бара разговори засновани на разум, не на емоции

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk