ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гир: Доставата на вакцините не е на посакуваното ниво, но Ковакс механизмот ќе профункционира

March 17, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. Тој образложи дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но потенцира дека работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени.

– Имајќи предвид дека и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и тоа ја прави работата уште потешка. Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот Ковакс така да Унијата ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина многу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ, истакна Гир.

Европската унија има направено многу во знак на поддршка на земјава во пандемијата, истакна Гир на новинарското прашање околу помагањето на С Македонија во борбата против коронавирусот.

– ЕУ од самиот почеток на пандемијата има дадено огромна суштествена финансиска помош. Цело време се обидуваше не само во вашата земја туку и за целиот Западен Балкан. Донираше милиони парчиња на медицинска опрема на здравствените власти, во вашата земја и целиот Балкан. Да не заборавиме дека ЕУ обезбеди финансиска помош 226 милиони евра на економијата на вашата земја се со цел да може вашата економија да се справи со влијанието на пандемијата на Ковид-19. Тоа е важно во такви услови кога вирусот вирее не само тука, туку низ целиот свет. ЕУ ја даде оваа помош со цел да можат да се зачуваат работните места на луѓето и  да можат да преживеат разните бизнис во вашата земја, посочи амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир на прес-конференцијата по средбата со градоначалничката Теута Арифи.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ИФИМЕС: Бугарскиот „десант“ на Северна Македонија

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk