ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

КОВИД го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните, државната поддршка дава резултат

March 17, 2021 13:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пад на вработеноста за 2,7 отсто, а на БДП за 4,5 проценти, како и зголемена нееднаквост меѓу доходовните групи, се последиците од КОВИД кризата во 2020 година, покажува последниот извештај на Здружението на истражување и анализи (ЗМАИ) што беше презентиран денеска на панел дискусијата „Нееднаквост во време на корона“.

Предвидувањата на експертите се дека економијата годинава ќе се движи во позитивна насока, но растот на БДП каков што беше пред кризата ќе биде постигнат во 2022-ра со подобри јавни политики и поголемо соодветно трошење, односно спроведување на капиталните инвестиции.

Според експертите, мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект.

Извештајот покажува и дека државната помош е е поделена сразмерно, зависно од големината на компаниите, иако тие покажуваат различна добивка зависно од регионот во кој се наоѓаат и тука има значителни разлики. Текстилната индустрија добила најголема поддршка, околу 11 отсто од вкупно проектираните средства, а ефективната поддршка е најголема кај продажбата на мало и големо.

-Падот на БДП во 2020 година е 4,5 проценти. Овој пад можеше да биде и полош ако во третиот и четвртиот квартал не беше драстично подбрена и зголемена јавната потрошувачка. Имајќи предвид дека јавната потрошувачка беше единствена што имаше раст лан, сите останати фактори кои го детерминираат БДП забележа значителен пад. Пад на вработеноста изнесува 2,7 отсто и е помал од падот на БДП што значи дека дел од мерките кои беа насочени кон зачувување на работните места дадода ефект, односно ги намалија последиците од кризата, рече Виктор Митевски, еден од основачите на ЗМАИ.

Според него, индексот кој ја мери нееднаквоста во првите два квартала од 2020 година забележал раст од 3,5 процентни поени.

-Нашите предвидувања се дека економијата ќе се движи во позитивна насока во 2021 година, но растот на БДП пред кризата ќе биде постигнат во 2022 година со подобри јавни политики и поголемо соодветно трошење, однсосно спроведување на капиталните инвестиции овие состојби може да се подобрат. Секако, мора да ги имаме предвид и надворешните фактори кои многу влијаат на намалување на работата и ликвидноста посебно на извозно ориентираните компании, истакна Митевски.

Сепак, и поголемите доходовни групи имаат значајно намалување на приходите.

-Од тука можеме да заклучиме дека компаниите не биле желни да исплаќаат дополнителни награди или бонуси. Јазот е зголемен зашто се изгубија голем број работни места. Голем дел од трудоинтензивните компании се извозно ориентирани, а побарувачклата на странските фирми е намалена, истакна Митевски, дополнувајќи дека по целосните анализи за сите квартали од 2020 година ќе може да се каже колкав точно бил јазот меѓу доходовните групи.

Четвртиот сет мерки има значително влијание врз структурата на помошта кај компаниите, па се претпоставува дека ќе има некакво влијание и врз распределбата на доходот.

-Оттука, ја нагласуваме потребата од поголема соработка и споделување информации меѓу државните информации, потенцира Митевски според кој, воведувањето прогресивен данок можеби е една од политиките што може да го намали јазот, но даночна реформа без други реформи, рече, може и да ја влоши позицијата во која се наоѓаме.

Министерот за економија, Крешник Бектеши ја оцени како одлична анализата и рече дека ќе биде патоказ за креирање на политиките и за тоа како треба институциите да соработуваат со граѓанскиот сектор.

извор: МИА

Next Post

Семејното законодавство не го следи развојот на односите во општеството и семејството

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk