ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ИЕА: Цените на нафтата нема да имаат континуиран и драматичен раст

March 17, 2021 18:16
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска соопшти дека цените на „црното злато“ веројатно нема да растат драматично и континуирано, и покрај очекувањата дека кампањите за вакцинација подоцна, во текот на годината, ќе ја зголемат побарувачката за нафта.

„Остриот скок на цената на нафтата, до блиску 70 долари за барел, беше поттикнат од приказните за нов суперциклус и од недостигот на понуда. Нашите податоци и анализи укажуваат на спротивното“, наведува ИЕА во својот месечен извештај,пренесуават британските медиуми.

Количествата нафта во залиха и натаму изгледаат огромни во споредба со историските нивоа, и покрај нивното постојано намалување. Покрај големите залихи, изградени се и голем број резервни производствени капацитети, како резултат на ограничените испораки од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, групата популарно наречена ОПЕК +, се наведува во извештајот.

Оваа неформална нафтна алијанса овој месец одлучи во голема мерка да ги задржи ограничувањата во производството, зголемувајќи ја побарувачката на пазарот и поттикнувајќи некои инвеститори да предвидат нов суперциклус – силен повеќегодишен раст на цените.

„Изгледите за зголемена побарувачка и континуирани ограничувања на производството на ОПЕК + сугерираат посилен пад на залихите во текот на втората половина од годината. Меѓутоа, засега има повеќе од доволно нафта во магацините и под земја за да се одржи адекватното снабдување на глобалниот пазар “, додава организацијата со седиште во Париз.

Тасс ја пренесе проценката на ИЕА, според која Русија може до 2026 година да го зголеми производството на „црното злато“ за 0,7 милиони барели дневно, на 11,3 милиони барели.

„Во текот на 2021 година, ќе дојде до умерено зголемување на производството на нафта во Русија поради продолжувањето на ограничувањата согласно договорот ОПЕК +. Значително зголемување на испумпувањето се очекува во 2022 и 2023 година, по укинувањето на ограничувањата, што ќе овозможи враќање на производството на нивото пред намалувањето“, оцени ИЕА, наведе руската агенција. /МИА/

Next Post

Американскиот Стејт Департмент ја одобри набавката на лесни оклопни возила од типот „STRYKER“ за Армијата на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk