ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Партнерски креираме поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции

March 18, 2021 08:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев и владиниот економски тим одржаа онлајн состанок со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и со Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестиции, чиј претседател е Виктор Мизо.
На состанокот се дискутираше за заклучоците по однос на приоритетните прашања презентирани од Асоцијацијата на состанокот одржан во декември 2020 година.

Приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива како и останати прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.

Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемувањето на довербата на инвеститорите, отпочнувањето на нови инвестиции, поттикнувањето на извозот, зајакнувањето на човечкиот капитал, а со тоа и подобрувањето на севкупниот економски раст во државата.

На состанокот дискутираа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

На состанокот беше истакнато дека од голема важност е во Собранието на Република Северна Македонија да има консензус по однос на прашањата кои се од национален интерес за економски развој на земјата.

Дополнително беше истакнато дека позитивен сигнал е растот на извозот. Согласно податоците на статистика, вкупниот извоз во јануари бележи раст од 15,5% споредено со истиот месец минатата година и изнесува 32,5 милијарди денари. Ова е шести месец по ред како што извозот расте и воедно бележи најголема покриеност на увозот со извозот со стапка од 84,7%.

Владата на Република Северна Македонија во континуитет ги поддржува извозните компании. И во петтиот пакет економски мерки до крајот на 2021 година се укинуваат царинските стапки за 71 продукт и суровина. За извозните компании дополнително се укинати и намалени царинските стапки за  31 суровина и за месо. Предвидено е и ревидирање на царинскиот тарифник и усогласување со правилата на ЕУ пазарот и пазарите на членките на Светска трговска организација. На располагање се и останати владини мерки за компаниите од сите дејности.

Next Post
Радмила Шекеринска / фото: Б. Јордановска

Шекеринска во Словенија на средби со Пахор и Тонин

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk