ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепски „Комуналец“: Во еден ден втор прилепски бизнисменски срам

Јавното комунално претпријатие од Прилеп, одбра на многу директен начин да се справува со несовесните граѓани што ја минираат работата на претпријатието и на комуналните работници. ЈКП Прилеп одбра тоа да го прави непосредно, јавно и без пардон посочувајќи со фотографии од лице место и оштар коментар на својата Фејсбук страна. Само денес од прилепски Комуналец имаат три реакции

December 2, 2019 22:37
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното комунално претпријатие од Прилеп, започна на многу директен начин да се справува со несовесните граѓани што ја „минираат’ работата на претпријатието и на комуналните работници. ЈКП Прилеп одбра тоа да го прави непосредно, јавно и без пардон посочувајќи со фотографии од лице место и оштар коментар на својата Фејсбук страна. Само денес од прилепски Комуналец имаат три реакции.

Првата со украдените садници можете да ја прочитате тука.

Ова се другите два коментари од ЈКП Прилеп, кои ви ги пренесуваме во целост:

Ова е веќе прилепски срам

Утрово, контејнерите зад Бизнис центарот наменети за исфрлање на отпад за станарите, ги преполнил бизнисмен со градежен шут кој туркал зидови и реновирал простории. Иако, како комунално претпријатие постојано апелираме, а веруваме дека станавме и досадни по однос на градежниот шут, за кој се нарачува контејнер од 5м3, а кој чини 1360 ден, или трактор, кој со превоз до депонија чини 630 ден. Сепак, овој ,,бизнисмен,, кој викендов реновирал дуќани од илјадници евра, одлучил градежниот шут да го исфрли во контејнерите за мешан комунален отпад, и заштедил 1360 ден.



Хидрауликата и механизмите на специјалните возила за подигање на ваков вид на контејнери не се правени да подигнат градежен шут. Со ова, „бизнисменот“ предизвика оштетување на контејнерите, нивно рачно истурање, 4 часовна работа на работниците за претоварање во трактор и две тури транспорт до депонија. Или, двајца работници, еден тракторист и комунално возило беа ангажирани за несовеста од поедини. За заштеда од 1360 ден. покрај материјалната штета, остана не сработен половина реон од ангажманот на работниците, шоферот и превозното средство. Оваа тури-претури работа, стана секојдневие за комуналците. Вреди ли!

Во еден ден втор прилепски бизнисменски срам

Околу 14.00 часот добивме известување од работниците од терен дека не е можно да подигнат два контејнери кај стара автобуска станица од причина што се преполни со отпад од градење.

Општинскиот Инспекторат е на терен и очекуваме да утврди потекло на настанување на отпадот.



Ние како „Комуналец“ решивме да се справиме со ваквата појава. Не дека ни е драго да пишуваме и пријавуваме за вакви проблеми, едноставно мораме да ги заштитиме вработените, уништувањето на комуналната инфраструктура и трошење на пари со години за сметка на бизнис секторот и граѓаните кои градат, и немаат 1360 ден. да платат за контејнери од 5м3 дизајнирани за намена тежок и габаритен отпад.

Овие контејнери ќе бидат преполни се до утре, зашто немаме намера да ги повикуваме работниците од дома. Истите ќе мора најнапред да се истурат, а потоа со рачен алат да се претоварат во трактор и транспортираат до депонијата во Алинци.

Ј.Ѓ.


Редакцијата на ФРОНТЛАЈН.МК цени дека ваквите непосредни реакции на Јавното комунално претпријатие се и повеќе од оправдани и ќе помогне со нивно споделување сè со цел да се алармира јавноста, да се подигне свеста кај граѓаните и да се обрне поголемо внимание на овие проблеми со кои се соочуваат Комуналните претпријатија низ целата држава.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Анѓушев: Со минималната плата се штитат луѓето што немаат алтерантива

НАЈНОВО

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025

Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

October 21, 2025

Поведена постапка против осомничен за подметнување пожар на паркиран автомобил во Скопје

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk