ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој

March 22, 2021 15:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во последното деноноќие се попишани повеќе од 20 илјади граѓани, државјани на Република Северна Македонија кои живеат и престојуваат во странство, со што вкупната бројка на оние кои се самопопишале до утринава во 9 часот е 121.580 лица, соопшти денеска на прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Таа појасни дека ова нагло зголемување се должи на викендот и смета дека кампањата што се води во странство ги дава резултатите, апелирајќи до граѓаните да се самопопишуваат.

– Тоа е многу едноствна процедура, лесно достапна и брзо се завршува. Податоците што се даваат се безбедни и максимално заштитени и ќе се користат исклучиво како податоци само за статистички цели, нагласи Ѓоргиева.

Таа информира дека главниот попис во земјава ќе почне на 1 април, а викендов заврши последниот дополнителен конкурс за попишувачи, на кој се пријавиле над 2.600 лица или околу 800 повеќе од она што требало во одредени пописни реони и нагласи дека се задоволни од одзивот. Ѓоргиева информира дека вчера биле направени списоците, а денеска во сите пописни реони каде се барале попишувачи има тестирање на кандидатите, а се очекува во следните денови да ги имаат резултатите и да почнат да се изготвуваат решенијата за ангажирање на попишувачите. Во следните денови продолжува и дистрибуцаијата на материјалите потребни за работа на комисиите на пописните реони, а почнуваат и обуките на реонските инструктори кои потоа ќе бидат оспособени да ги обучуваат реонските попишувачи.

– Засега се се одвива според планот и роковите кои досега беа предвидени и нема никакви одложување на сите постапки и процедури, нагласи Ѓоргиева.

На заедничката прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски дополни дека пописот е од витално значење за државата за понатаму да може да се прават стратегии за развој.

– Правиме се што е потребно за заштита на населението. Имаме прецизни протоколи, скроени за безбедно спроведување. Подготвени сме за секој детал, за секоја ситуација и сите постапки течат непречено. Протоколот го изработи Комисијата за заразни болести. Стандардите за заштита се највисоки и во целост ги штитат граѓаните и попишувачите. Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди без застој. Овие протоколи и досега давале целосна заштита во други процеси, нагласи Арсовски.

Тој информира дека се ангажирани голем број координатори и попишувачи, кои ги следат протоколите за да нема потреба од никакви одложувања.

Арсовски посочи дека учеството во пописот е задолжително, кривично се одговара само за поттикнување на бојкот на статистичката операција, а против тие што ќе одбијат да се попишат ќе биде почната прекршочна постапка, за што казните се до 300 евра.

извор: МИА

Next Post

Пресудата за убиството на Ангел ќе биде објавена на 26 март

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk