ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат и да не доаѓаат на работа нека ги вратат платите за овој месец

March 23, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Целата опозиција овде во Собранието прави се за да се блокираат сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата, реагираше Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, на денешната прес- конференција.

Костадинов нагласи дека за опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет.

Според него срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој пратеник да дојде овде во Собранието да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата.

„Срамно е тој и неговата пратеничка група заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат работата на Собранието додека илјадници граѓани погодени од кризата чекаат соодветна помош од државата.

Ова, почитувани е доказ за бесрамноста на опозицијата во Собранието, доказ дека ним не им е воопшто грижа ниту за граѓаните, ниту за државата.

Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа.

Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите.

Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје, се само дел од законите кои опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ги кочи и блокира.

Во услови кога државата, целото општество сè уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба.

Кризна состојба на целата или на дел од територијата се прогласува уште од 2015 со мигрантската криза и досега никогаш не била оспорена или проблематизирана.

Со кризна состојба, меѓу другото, дадени се овластувања Армијата да учествува заедно со граничната полиција во обезбедување на границите, особено границите на кои има редовни појави на нелегален транзит на мигранти.

Судејќи по претходните лажни вести, следејќи ја логиката на ВМРО-ДПМНЕ, значи ли ова дека оваа партија и Алијанса сакаат во нашата држава да се населат мигранти, да се градат бегалски кампови?

Ваквиот неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа тие повторно ќе бидат казнети.

Како парламентарно мнозинство ќе ги искористиме сите деловнички и законски можности, сите законски решенија во интерес на граѓаните да бидат донесени, реформите во интерес на државата да продолжат.“, истакна Костадинов на денешната прес-конференција

Next Post

Средба на Груби со претседателот на албанскиот Парламент

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk