Кралицата Максима изгледаше шик и модерно додека се упатуваше кон Холандскиот танцов театар во Хаг.
За посетата на компанијата за модерни танци, 49-годишната Кралица избра стајлинг во бургундец нијанси. Кожното здолниште и блузата на Максима доаѓаат од белгиската модна куќа Natan, нејзината наметка е од Valentino, а салонките од Gianvito Rossi.
Кралицата Максима го посети Холандскиот танцов театар за да научи како се справува со пандемијата со КОВИД-19. Таа се информираше повеќе и за неговите онлајн програми за време на кризата.
И вчера, таа избра модна комбинација во бургундец нијанса за отворањето на Холандската недела на парите. Моделите кои таа ги вклучи во стајлингот доаѓаат од Natan.
Холандската кралица е голема обожавателка на црвената боја и црвените нијанси и честопати ја избира за свечените настани и деловните ангажмани. Максима е една од најмодерните европски кралици и за многумина е модна инспирација.
извор: фемина.ком