Бенкси продаде слика на која момче си игра со кукла на медицинска сестра, претставена како суперхерој, а сите пари одат за хуманитарни цели, пренесува Кајгана.
Сликата „Game Changer“ пред да биде продадена стоеше во ходникот на општата болница во Саутхемптон во текот на првиот бран на пандемијата.
Парите од продажбата се наменети за здравствениот систем на Велика Британија, за борба против коронавирусот.
Бенкси претходно изјави дека 13.6 милиони долари добиени за неговото дело „Devolved Parliament“, во кој е прикажан Долниот дом на парламентот преплавен со шимпанза, е највисоката цена на негова продадена слика, што значи дека последната продадена е нов рекорд.
Уметничкото дело во мај беше доставено до болницата со пораката: „Ви благодарам за сè што правите. Се надева, дека ова малку ќе го осветли местото, дури и ако е црно-бело“.
Извор: Кајгана





