ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е против помош за граѓаните и компаниите и свесно го блокира Собранието

March 25, 2021 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ е против интересот на граѓаните, против македонската економија и против поддршката на компаниите. Тоа е неодговорно кон државата, неодговорно кон граѓаните кои не избирале и кои не плаќаат преку Буџетот на државата, изјави денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Тој ги повика неговите колеги, да бидат разумни, да влезат во салата и конечно, како што рече, еднаш заедно да направиме нешто добро за граѓаните тоа одговорноста е на сите пратеници.

– Повикуваме да надвладее разумот. Времето загубено од пратеничките прашања може да се продолжи двојно повеќе и пратениците од мнозинството ќе се откажат од поставувања на прашања, рече на денешната прес-конференција Костадинов, по случувањата во собраниската сала.

Секој пратеник, секоја политичка партија, нагласи, треба да покаже одговорност пред граѓаните и пред државата.

– Да ги усвоиме овие закони, за помошта да стигне до секој граѓанин, за да може близу 12.000 компании да исплатат плати за своите вработени, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Како што наведе, три дена опозицијата, првенствено ВМРО-ДПМНЕ глуми наводна загриженост за граѓаните и за економијата. Барале свикување на посебна седница на која ќе учествуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да се донесат законите за мерките од петтиот пакет. Денеска, подвлече, таа седница е отворена, на ред се законите кои значат помош на илјадници граѓани и компании.

– И целата јавност гледа што ВМРО-ДПМНЕ денеска прави во салата. Повторно нивните пратеници излегоа од салата, нивниот координатор бара паузи, бара процедурални обраќања на кои повторува исти пораки, намерено и свесно одолговлекуваат и неразумно ја блокираат работата на Собранието, изјави Костадинов.

Според него, околу 12.000 компании немаат исплатено плата за месец февруари, затоа што чекаат државна помош, десетици илјади граѓани чекаат конкретна финансиска помош од државата.

– Тоа не се обични бројки, тоа се конкретни семејства, граѓани, конкретни работни места. Наша обврска е да им помогнеме што е можно поскоро, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

извор: МИА

Next Post

Си-Ен-Ен: Софија ја потисна Виена како шпионски центар во Европа

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk