ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почна регионалниот настан на УСАИД за вмрежување на организации за деловна поддршка

March 25, 2021 14:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дводневниот регионален настан за вмрежување на организации за деловна поддршка, организиран како дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, започна денеска. Овој настан ќе овозможи поврзување на повеќе од сто претставници на бизнис организации од Западен Балкан и ЕУ, промовирајќи ја важноста за проширувањето на соработката и можноста за заемно учење и меѓусебно споделување искуства.

Aмериканската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование Мила Царовска, претставникот на центарот за иновативност во Црна Гора Александар Јаничиќ, основачот на асоцијацијата МАМЕИ Марта Наумовска Грнарова и претставничката на Стопанската комора од Милано Иларија Бонети, учествуваа во панел дискусијата чии теми беа соработката со институциите, предизвиците, потребата за јавно-приватните партнерства и развојот на нови портфолија со иновативни услуги за компаниите.

Во своето обраќање, амбасадорката Брнз говореше за важноста на организациите за деловна поддршка и потребата за регионална соработка во деловниот екосистем.

-Преку работата со организациите за деловна поддршка ги поддржуваме и нивните клиенти да ја постигнат заедничка цел за остварување економски раст – било да е тоа со раст на приходите, создавање работни места или со зголемен извоз. Со ова се демонстрира мултиплицирачки ефект, каде што нашите инвестиции во овие организации влијаат на цели бизнис сектори и подсектори. Регионалната економска соработка е клучна за зголемување на целокупната конкурентност на регионот на Западен Балкан. Со зајакнување на индивидуалните економии при градење на регионалните врски, ние поддржуваме силна соработка, споделување на ресурси и знаење и подобрувања на регионалната работна сила, рече Брнз.

По панел дискусијата следеше и доделување на сертификати за успешност и презентации од организациите за деловна поддршка, кои во изминатите три години беа директно поддржани како грантисти во Проектот.

-Како резултат на бројните обуки и менторства што ги поминавме во изминатите речиси три години, знам дека многумина од вас научија нови бизнис практики, испробаа нови процеси и системи во секојдневно работење, дури и пронајдоа и нова перспектива на гледање на својата организација. Би сакал да ве поттикнам и понатаму да ги одржувате овие процеси и системи во функција, да ги ажурирате и надградувате, бидејќи досега во повеќе наврати увидовме дека тие се еден од најважните фактори за постигнување на организациска одржливост, изјави Дејан Јаневски, директор на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Во текот на утрешниот ден, ќе се одржат индивидуални состаноци помеѓу организациите, за да се иницира директната размена на информации, да се дискутираат достапните ресурси и капацитети, и да се истражуваат можностите за продлабочување на соработката и идни партнерства преку заеднички проекти.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем е четиригодишен проект, кој работи на економскиот развој и поттикнување на конкурентноста на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија, преку зајакнување на бизнис услугите, финансиите и пазарните врски кои се основен катализатор за зголемување на развојот, продуктивноста и вработливоста на ММСП.

извор: МИА

Next Post

Шилегов: Неопходно е стратешко планирање, и за превенција и за успешно управување со кризи

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13

November 7, 2025

Намалени домашните летови во САД поради затворање на Владата

November 7, 2025
Генерирано со ВИ

Акционерите на „Тесла“ одобрија план за компензација од $1 трилион за Илон Маск

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk