ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворени за клевети, затворени за пописот

March 25, 2021 15:05
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Како дел од кампањата „Не отворам врата“ отворена е и Фејсбук страница со истото име, наменета за повик на бојкотот на пописот. Тоа е место и за споделување на вулгарни и клеветнички коментари и пораки, место за ширење лажни вести, дезинформации, теории на заговорот и експлицитен говор на омразата, информира ЦИВИЛ.мк.

Таков пример е и манипулативната објава за граѓанското здружение НВО Инфоцентар, но се поврзува и со медиумската платформа на ЦИВИЛ. Објавата на „Не отворам врата“ гласи:

„CIVIL media, USAID и други NGO организации започнаа кампања за учество во “пописот” кампањата има два центри со две мотивациони крилатици #ПописКонечно и #ТиОдлучуваш, а всушност калето одлучува!

Погледнете само како префриганите од калето елегантно си се оградуваат од одговорност за заболените и умрените кои ќе ги предизвикаат ненормалниве кои насила туркаат попис во сред пик на пандемија.“

Овој пост го споделува партиската функционерка и портпаролка Јована Мојсовска од Левица, со коментарот:

„Штом Цивил се умешал – веднаш знаеш дека е на штета на државата“.

Каде Мојсовска од Левица го виде линкот меѓу проектот на НВО Инфоцентар и ЦИВИЛ, тоа веројатно го знае само таа самата, но сè друго е повеќе од очигледно. Целта е да се дискредитира ЦИВИЛ по секоја цена, во секоја прилика, па макар и со лажно и манипулативно клеветење и извртување на очигледни факти. Но, ЦИВИЛ не е единствената мета на овие напади. Со ваквото однесување во јавната комуникација, луѓето на оваа партија грубо ги омаловажуваат граѓанките и граѓаните, како и целата држава.

Инаку, злоупотребена е информацијата за активност на НВО Инфоцентар под мотото #ПописКонечно со поддршка на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project – North Macedonia). Се чини дека самата објава на Фејсбук страницата и коментарот на партиската портпаролка ги искривуваат фактите за активноста на НВО Инфоцентар само колку да имаат повод да напишат нешто на сметка на ЦИВИЛ, па не им е важно ниту дали ќе испадне дека не знаат дури ни да читаат. Најважно им е лажно ја информираат јавноста и да спроведуваат црна кампања во која, според правните експерти, има и елементи на кривично дело.

Лидерот и функционерите на партијата на која и Мојсовска ѝ припаѓа, не пропушта ниту еден ден да се занимава со ЦИВИЛ и со претставниците на оваа македонска организација за човекови права која постои речиси 22 години и која во своето портфолио има повеќе од 100 успешни проекти за јакнење на демократијата и почитувањето на човековите права и слободи во земјата и надвор од неа. Необјасниво е зошто партијата на Мојсовска е практично опседната со ЦИВИЛ, бидејќи се работи за граѓанска организација, а тие, како политичка партија, имаат логичен „мегдан“ во парламентот.

Пописот е сечија придобивка и интерес за понатамошниот развој на државата и подобра иднина на сите граѓанки и граѓани во земјата.

Next Post

Митрески до опозицијата: Нека надвладее разумот, влезете во сала за да им излеземе во пресрет на граѓаните

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk