ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Царовска: Со нови законски решенија и зајакнат социјален дијалог го намалуваме недостигот на вештини на пазарот на труд

March 25, 2021 16:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со новиот Закон за образование на возрасни којшто е во собраниска процедура, се воспоставува системот за валидација на неформалното и информалното учење. Валидацијата е важен и остварлив начин како да се намали недостатокот од соодветни вештини на пазарот на труд. Таа воедно овозможува и полесна интеграција на припадниците на ранливите групи и на невработените и ниско квалификуваните луѓе во формалната економија.

Ова, како што соопшти Министерството за образование и наука, го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел-дискусијата организирана од УСАИД за вмрежување на организациите кои даваат деловна поддршка на бизнисите.

-Со Законот се унапредува и постапката за верификација на посебните програми и за верификацијата на институциите, а двете постапки се целосно само во надлежност на Центарот за образование на возрасни. Согласно Законот, Центарот ќе биде должен да донесе решение за верификација во рок од 30 дена. За олеснување на процедурите за обезбедувачите на услуги за образование на возрасни, се зголемува периодот на траењето на верификациите од три на пет години, а се воведува и реверификација, односно доколку верификуваната институција успешно ја спроведува програмата од претходната верификација, утврдено врз основа на стручен и инспекциски надзор, важноста на решението за верификација на посебната програма се продолжува за дополнителни пет години, укажа министерката Царовска.

Во подготовка е, се наведува, и нов Закон за средно стручно образование. Нацрт верзијата ќе биде споделена со јавноста, со цел да биде слушнато мислењето на сите засегнати и чинители кои би можеле да помогнат во креирање и усвојување на најдобрата верзија на законското решение. Пред сé од реалниот сектор, затоа што целта е стекнување квалификации за вклучување на пазарот на трудот.

Министерката Царовска посочи дека согласно барањата на реалниот сектор го усогласуваме повикот за запишување на ученици во средните стручни училишта, и тој е креиран во консултација со локалните самоуправи, компаниите и стопанските комори. Повикот ќе биде објавен за неколку дена. Истовремено, ќе се објави и конкурсот за доделување на стипендии, со што ќе се зголеми атрактивноста на понудените стручни профили.

Министерството за образование и наука го поддржува, се наведува, Регионалниот фонд за предизвици (The Regional Challenge Fund) во кој се вклучени Германското федерално министерство за економска соработка и развој, Развојната банка KfW и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6. Тоа е нова програма која се обидува да ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на бизнисите во Западен Балкан.

Министерката Царовска потенцираше дека е значајно што Фондот грантовски помага во надминувањето на недостигот на квалификувана работна сила, преку финансирање инвестиции во опрема, инфраструктура и обуки на кадар, потребни на стручните училишта, стои во соопштението од МОН.

Next Post

Бил Гејтс: Светот треба да се врати во нормала до крајот на следната година

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025
Фото: Фронтлајн

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво

November 8, 2025
Фото: МИА

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk