Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска имаше средба со министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар.
Како што пренесува Танјуг, Вучиќ и Церар разговарале за интензивирање на севкупната билатерална соработка, особено во областа на економијата, како и за регионалните односи и процесот на евроинтеграција на Србија.
Двајцата соговорници истакнаа дека и двете држави се заинтересирани за одржување на стабилноста на Западен Балкан, за неговата европска перспектива, како и за продолжување на дијалогот на сите нивоа, соопшти Канцеларијата за соработка со медиумите на Претседателот на Србија.