ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски до Велјановски: Заврши времето кога имаше еден судија, еден обвинител, правдата е тука сега и секоја институција постапува согласно законските надлежности

March 25, 2021 17:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши времето кога во државата имаше еден судија, еден обвинител, еден адвокат, еден извршител,  кога целата моќ беше на едно место, сега секоја институција постапува согхласно своите надлежности и овластувања, порача  заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одгворарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.  Вицепремиерот Николовски посочи, дека ВМРО-ДПМНЕ во отуство на идеи, секојдневно лиферува лаги, невистини и конструкции.

„Затоа секој ден ги гледаме овие лаги со прашалници без храброст да се излезе и да се тврди нешто. Но, граѓаните тоа го гледаат и граѓаните на 15 јули испорачаа казна за тоа што постојано и денес и во претходниот период ги блокирате сите процеси во државата, заради тоа што нема понуда за ниту еден проблем, затоа што не нудите решение на граѓаните. Помина и времето кога институциите не смееа да помислат да им ги споменат имињата на некои функционери, министри или блиски на власта,  а не да влегуваат и да бараат документи,  како што тоа денес се случува во рамки на сите институции“, изјави вицепремиерот Николовски.

На прашањето за случајот со родиликата од Дебар и разрешувањето на директорот на струшката болница Мухамед Асани, вицепремиерот Николовски, нагласи дека, како координатор на Инспекцискиот совет, веднаш се преземени мерки од страна на надлежните инспекторати, односно од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој навреме ги превзеде сите мерки, изврши вонреден надзор,  изрече решение за забрана за вршење на дејност и поднесе иницијатива за кривична одговорност во ОЈО Струга.

„Во случајот со Асани беа покренати соодветни постапки и пред опозицијата да го изнесе , која треба да се интерсира за здравјето, животот и вредностите особено за граѓаните. Прв сум, којшто излезе за овој случај и кажа и побара ДЗСИ да ги спроведе сите контроли и веднаш експресно во рок од 24 беше издадено решение за забрана за вршење дејност во просториите каде што се одвивале нелегални дејствијата на ординацијата, беа покренати постапки од институциите за да се покренат и информираат ЈО и сите оние кои се надлежни да реагираат. Преку посебена Комисија формирана од министерот за здравство, се донесе решение за смена на директорот. Така се постапува во било кој случај кадешто е констатирана одговорност, пропусти и се охрабруваат институциите согласно своите надлежности да ги расчистат сите постапки“, изјави вицепремиерот Николовски.

Вицепшремиерот Николовски му порача на пратеникот Велјановски, дека како членови на ВМРО ДПМНЕ се должни да дадат став за „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра.

„Знам дека нерозата е се поголема кога не успеавте да го спречите носењето на Законот за ЈО, кога не успеавте да спречите да се трансферираат предметите од СЈО кои деновиве имаат разрешници но јас од вас очекував поголема загриженост како членови на ВМРО ДПМНЕ да дадете став за тоа како и што се случува со „Плацевите на Водно“ каде што ВМРО ДПМНЕ е оштетена со 1,3 милиони евра или како тоа од партиската каса вашиот лидер си купувал станови итн. Мислам дека тоа повеќе треба да ве загрижува и да излезете со став по однос на тие прашања“, рече вицепремиерот Николовски.

Next Post

Попладневен преглед: Богојески прашува зошто Апасиев се шашардиса кога му поставија прашање за Орце Камчев, софтверот за сообраќај е набавен низ регуларна јавна набавка, вели Заев...

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk