ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Учество на пописот е патриотски чин, обврска на сите граѓани е да се попишат

March 25, 2021 20:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премерот Зоран Заев останува на ставот дека пописот не треба да се одложи затоа што податоците што ќе се добијат се исклучително важни за државата и затоа што, како што рече, никој не може да гарантира какви ке бидат состојбите со пандемијата во иднина за тој да се одложи за извесен период. Учеството на пописот рече, е патриотски чин, а повикот или тивкото работење за бојкот е удар врз државата, па дури и врз својата етничка заедница.

-Ако некој гарантира дека за една или две години ќе имаме добри услови, или пак есенва дека ќе има добри услови немаме никаква причина и право да водиме инает за вака важно прашање. Но тоа не се знае. Десет години работиме во магла и облаци, бидејќи немаме податоци. Паралелите со другите земји кои ги одложиле пописите не е едноставно да се прават бидејќи имаат тие направено попис пред 10 години, а ние немаме. Овие податоци се потребни за креирање на сите политики во дражавата во интерес на граѓаните, рече Заев.

Тој не смета дека пописот може да придонесе во ширење на пандемијата, бидејќи, како што рече, само 10 минути трае попишувањето, а податоците што се добиваат се непроценливи.

Бојкотот рече, не е опција и додаде дека одговорност пописот да се одржи е на сите.

-Учеството во него е патриотски чин. Леснотијата да се пропагира и да се бојкотира пописот не е ни малку патриотски чин. Пописот е неопходен и е вистински патриотски чин. Од што се плашиме, што е вистината која ќе ја добиеме сите, кои сме колку члени смемејства имаме, какви сме по етничка определба, каде живееме, колку во главниот град, колку во внатрешноста од тоа ли се плашиме, рече Заев.

Според него, пораката за учество на пописот треба да ја испратат сите домашни политичари, вклучително и политичарите од домашната опозциција.

-Најлесно е да избегате од причина пандемија е несоодветно време е или слично. Кога ќе е соодветно? Дваесет години не било соодветно време. Имаме триестгодишна државност, а не занеме да кажеме колку живееме, каде живееме, колку во село, колку во град, колку сме по културолошка, верска и етничка определба. Неопходна е поддршка особено од политичарите кои се чукаат во градите да излезат и да кажат зошто е важно да се попишеме сите, рече Заев одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.

Според премиерот, оној кој апелира да се седи дома, да се бојкотира,или кој потајно работи за седење дома прави директен атак на својата татковина и врз својот народ, но и ако сакате, како што рече, и врз својата етничка заедница.

Апасиев рече дека не е задоволен од одговорот на премиерот на прашањето дали власта планира да го одложи пописот. Според него, не е нормално тој да се прави во услови на пандемија, и во услови кога во државата нема вакцини, а има голема смртност.

Овој попис, рече Апасиев, го терате затоа што имате договорени проценти,  кој колку треба да биде. Спорно е што имате врзани потписи на директорот и заменикот на ДЗС, што методологијата не ја ставивте во закон, што се попишува дијаспора што не е меѓународен стандард, што податоци дури и за етничка припадност може да даде секој ако има матичен број од лицето.

Пописот во земјава треба да се одржи од 1 до 21 април. Во тек е попишување на дијаспората кое, исто така, ќе заврши на 21 април. 

Next Post

Јавното здравство има квалитет и е достапно за сите, вели Заев

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Дрон повторно го затвори аеродромот во Брисел

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Три лица загинаа во напад на американската армија во Карипско Море

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турска компанија пронајде злато во Сивас со проценета вредност од 1,7 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk