ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Шекеринска на средба со адмиралот Бурк: Ја славиме првата годишнина од нашето членство во НАТО со растечка буџетска поддршка за армијата и во време кога приоритет е санирањето на последиците од пандемијата

March 26, 2021 14:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев го прими командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој со делегација на НАТО е во посета на нашата земја по повод одбележувањето на првата годишнина од членството на Северна Македонија во Алијансата, соопштуваат владини извори.

На средбата, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и бригадниот генерал Симеон Трајковски, началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, премиерот Заев му посака добредојде на адмиралот Бурк и на членовите на делегацијата на НАТО и се заблагодари за честа што Алијансата со присуство на свои високи претставници ќе учествува во одбележувањето на првата годишнина од членството на земјата во Алијансата.

„Членството во НАТО е остварување на определбата на граѓаните и на политичките елити во земјата негувана и афирмирана низ годините наназад уште од прогласувањето на независноста на Северна Македонија. Во таа насока, во текот периодот што претходеше на тој чин, работевме на исполнувањето на политичките критериуми во делот на унапредување на демократијата, слободите и владеењето на правото, како и на трансформацијата на нашата армија во согласност со стандардите на Алијансата“, потенцираше на средбата претседателот на Владата Зоран Заев.

Заев на средбата информираше дека Владата на Северна Македонија продолжува да инвестира во Армијата на Северна Македонија со буџетска поддршка која расте дури и во време на пандемијата кога приоритет е поддршката за санирање на социоекономските последици за која до сега се издвоени 1,3 милијарди евра.

Премиерот Заев уште додаде дека со членството во НАТО Северна Македонија го потврди својот статус како фактор на стабилност во регионот и дека сигурноста, која произлегува од сојузништвото со сите земји членки на Алијансата, е фактор за економскиот прогрес на земјата за што значаен придонес имаат странските компании, кои дури и за време на пандемијата го задржаа својот интерес да инвестираат во македонското стопанство.

Командантот на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, адмиралот Роберт Бурк од своја страна нагласи дека му е чест што предводи делегација на Алијансата по повод првата годишнина на Северна Македонија во НАТО и го истакна придонесот што земјата го даваше и во периодот пред пристапување во членството во сојузот, и дека значаен удел за успешното остварување на овој процес имаше лидерството на земјата во последните 4 години кога се донесоа најзначајните одлуки за остварување на оваа цел.

Next Post
Апостол Симовски, Директор на ДЗС (фото: МИА)

Во моментов не се размилсува за одложување на Пописот, но не е проблем кратко пролонгирање ако треба да се вакцинираат попишувачите, порача Симовски

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk