Американскиот претседател Доналд Трамп оцени денеска дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за „мозочната смрт“ на НАТО се многу навредливи.
„На никој НАТО не му е попотребен од Франција“, рече Трамп, додавајќи дека изјавата на Макрон за Алијансата е многу одвратна, пренесе АП.
Макрон неодамна, во интервју за „Економист“ рече дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“ и апелираше до Европа да креира своја сопствена безбедносна структура.
Трамп во текот на денов подоцна треба да се состане со Макрон, на маргините од
самитот на НАТО во Лондон.
Американскиот претседател денеска предупреди дека работите ќе станат многу тешки со ЕУ, доколку не го подобри својот однос кон трговијата и кон НАТО, додава Ројтерс.
„Европската унија, по прашањето на трговијата се однесува многу, многу нечесно кон САД“, рече Трамп на состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Лондон.
#BBC #BBCvideo ??Trump blasts Macron ‘brain dead’ comments as ‘nasty’ – BBC News https://t.co/66rsMlbCoC (#atNakNews)
— ????????? (@LarryNak) December 3, 2019